Награди Ајвор Новело, именувани по велшкиот композитор, пејач и глумец Ајвор Новело ― награди за пишување песни и компонирање. Овие годишни награди за прв пат биле доделени во 1956 година, а ги доделува Ајворсовата академија, која порано го носела името Британска академија на текстописци, композитори и автори. Церемонијата за доделување на наградите се одржува во Лондон.
Награди Наградите се доделуваат на две годишни церемонии познати како Ајворсови награди и Ајворсови награди за композитори.
Ајворсовите награди се одржуваат секој мај и од 2020 година се спонзорирани од Apple Music. Се сметаат за најголема награда со која им се оддава признание и се наградуваат талентираните текстописци и композитори од Британија и Ирска. Ајворсовите награди се единствена церемонија за доделување музички награди кои не се под влијание на издавачите и издавачките куќи, а делата се оценуваат и презентираат од писателската заедница.
Ајворсовите награди за композитори се одржуваат секој декември и се спонзорирани од PRS for Music.
Самата награда е бронзена статуетка на Евтерпа, муза на лирската поезија. Била дизајнирана во 1955 година од Хејзел Андервуд.
Категории на награди
Номинирани годишни награди
Најдобра песна музички и лирски Најдобра современа песна Награда за албум Најдобра оригинална музика за филм Најдобра оригинална музика за ТВ-серија Најдобра оригинална музика за видеоигра
Други годишни награди
Текстописец на годината Најизведувано дело
Други награди
Џез-награда Награда за класична музика Награда за инспирација Извонредна колекција на песни Извонреден придонес во британската музика Животно достигнување Специјална меѓународна награда Стипендија BASCA Награда за најдобар денс-сингл Меѓународен хит на годината Меѓународно достигнување во театарски мјузикл Награда Џими Кенеди Специјална меѓународна награда PRS за музика Најпродаван сингл во Велика Британија Најдобра оригинална музика за телевизиски/радио пренос Специјална награда за текстописци
Тривија
Во 1964 година, Џон Ленон и Пол Макартни добиле четири номинации за Ајворсова награда, вклучително и две номинации во иста категорија (како текстописци на двете (од вкупно две) песни кои се натпреварувале за Најпродавана британска песна во 1963 година), а исто така им била доделена Специјална награда за извонредни заслуги за британската музика. Линзи де Пол во 1974 година станала прва жена која ја добила наградата Ајвор Новело, за песната „Won't Somebody Dance With Me“ (најдобра балада или романтична песна). Во 1976 година, музичарите од 10cc, Греам Гулдман и Ерик Стјуарт освоиле три награди за пишување на песната „I'm Not in Love“; Добиле Ајвор Новело награда за: најизведувано британско дело, најдобра поп-песна и меѓународен хит на годината. Во 2008 година, Ејми Вајнхаус добила три Ајвор номинации, вклучително и две номинации во иста категорија (за најдобра песна музички и лирски). Во 2010 година, за прв пат Ајвор Новело награда добил саундтрак за видеоигра. Тоа бил саундтракот за PS3, Killzone 2, компониран од Џорис де Ман.
Наводи
Надворешни врски
Ајвор Новело