Иџиан ерлајнс () е најголемата авиокомпанија со седиште во Атина, Грција. Таа е најголемата грчка авиокомпанија според бројот на авиони во флотата, бројот на дестинации и по бројот на поврзани патници. Иџијан лета редовни и со чартер летови од Атина и Солун до дестинации во Грција и Европа. Главниот центар на авиокомпанијата се наоѓа на аеродромот Елефтериос Венизелос во Атина и на аеродром Солун.
Историја
Почетоци Компанијата била основана во 1995 г. со превземање на останатите активности на Иџијан Ејвиејшн. Таа започнала со ВИП летови од Атина низ светот со авиони Лирџет.
Комерцијални летови Првите комерцијални летови на Иџиан ерлајнс биле во мај 1999 г. од Атина до Ираклион, Крит и Солун. Од 2005 г авиокомпанијата е во партнерство со Луфтханза. Во март 2006 година бил склучен договор за соработка со ТАП Ер од Португалија. Во декември 2008 г, била најавена соработка со Брисел ерлајнс.
Соработка На 26 мај 2009 година во 2008 година, барањето за членство на Иџиан ерлајнс било одобрено од главниот извршен одбор на Стар ерлајнс. Иџијан се приклучил на сојузот на ден 30. јуни 2010 година
Во февруари 2010 биле одржани првични дискусии со акционерите за да се разгледа соработката помеѓу Иџиан ерлајнс и Олимпија ер што ги поттикнало и гласините за можно спојување. На ден 22 февруари 2010 година Олимпик ер и Иџиан ерлајнс објавиле дека се согласиле на спојување.
Европската комисија на 26 јануари 2011 година го блокирала спојувањето на двете авиокомпании, повикувајќи се на загриженост против конкуренцијата. Комисијата рекла дека спојувањето ќе создаде „квази-монопол“ на грчкиот пазар на воздушен транспорт, при што комбинираната авиокомпанија контролира повеќе од 90 отсто од грчкиот пазар на воздушен транспорт. ЕК понатаму го изрази своето верување дека спојувањето ќе доведе до повисоки цени за четирите од шесте милиони грчки и европски патници кои летаат до и од Атина секоја година, а без реални изгледи за влез на пазарот на нова авиокомпанија со доволна големина. да се ограничат комбинираните цени на авиокомпаниите.
Иџиан ерлајнс на 21 г. октомври 2012 година објавил дека е постигнал договор за купување на Олимпик Ер, и кој чека одобрение од Европската комисија. Европската комисија на 23 април 2013 година објавила соопштение за печат во кое објави дека започнува детална истрага за предложеното купување на Олимпик Ер од страна на Иџиан ерлајнс и најавила дека Комисијата ќе донесе одлука до 3 март. На 13 август 2013 година Грчките медиуми објавиле дека конечната одлука е одложена за 16. октомври 2013 година.
Дестинации Кодшер соработки Иџиан ерлајнс соработува со следните авиокомпании (делумна листа):
Ер Балтик Ер Канада Ер Србија Етихад Ервејс Луфтханза Туркиш ерлајнс
Чартер летови Во текот на летната сезона, Иџиан управува со неколку авиони А320, извршувајќи чартер услуги во соработка со големите тур-оператори. Чартер летовите ги поврзуваат популарните дестинации за одмор во Грција со Италија, Франција, Обединетото Кралство, Полска, Израел, Романија, Русија, Шведска, Данска, Естонија, Финска, Норвешка, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Украина и други земји. Во последниве години, тие имаат и чартер летови за фудбалски натпревари, на пример, кога Фудбалската репрезентација на Грција игра во странство.
Флота Флота на Иџиан ерлајнс,од февруари 2020 г. се состои од следниве летала :
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Сообраќајот во Грција Категорија:Авиопревозници Категорија:Статии со извори на грчки (el)