Семејните вредности се традиционални или културни вредности кои се однесуваат на семејната структура, функцијата, улогите, верувањата, ставовите и идеалите.

Во општествени науки, терминот „ традиционалното семејство “ се однесува на јадреното семејство - заедница во која се одгледува детето, составена од таткото хранител,мајката домаќинка и нивните биолошки деца; социолозите претходно го нарекуваа овој модел како норма.

Семејство кое отстапува од овој модел се смета за нетрадиционално. Меѓутоа, во повеќето култури најчест модел е поширокото семејство наместо јадреното, и јадреното семејство стана најчестата форма во САД во 1960-тите и 1970-тите.

Дефиниција Неколку добро познати речници на интернет ги дефинираат „семејните вредности“ на следниве начини::

„моралните и етничките принципи традиционално се поддржуваат и се пренесуваат внатре во семејството,како што се чесноста, лојалноста, трудољубивоста и верата. „вредности од особено традиционален или конзервативен вид кои промовираат здраво функционирање на семејството и зајакнување на општеството“. „вредности кои традиционално се учат или зајакнуваат во семејството, како што се оние на високи морални стандарди и дисциплина“.

Во политиката Фамилијализмот е идеологија која го става семејството и семејните вредности како приоритет. Фамилијализмот им дава приоритет на потребите на семејството пред потребите на поединците и се залага за систем на социјална пзаштита каде што семејствата, а не владата преземаат одговорност за грижата за своите членови.

Во САД, конзервативците го користеа банерот на „семејните вредности“ во борбата против абортусот, правата на хомосексуалците и главните феминистички цели.{

Во културата

Саудиска култура Толкувањата на исламските учења и арапската култура се заеднички за повеќето Саудијци. Исламот е движечката културна сила која го диктира потчинувањето на Божјата волја.

Семејството на Саудиска Арабија вклучува проширени семејства, бидејќи поширокото семејство на човекот му обезбедува чувство на идентитет. Таткото често е хранител и заштитник на семејството, додека мајката е често домаќинка и примарен старател на децата. Родителите се многу почитувани и децата силно се охрабруваат да ги почитуваат и да ги слушаат своите родители. Семејствата често обезбедуваат грижа за постарите лица. До неодамна, домови за стари лица се сметаа за културно неприфатливи, затоа што се очекуваше семејството и пријателите да обезбедат грижа за старите лица.

Културата на САД Во социолошка смисла,нетрадиционалните семејства го сочинуваат мнозинството од американските домаќинства. Од 2014 година, само 46% од децата во САД живеат во традиционално семејство, додека во 1980 година изнесуваше 61%. Оваа бројка ги вклучува само семејствата со родители кои се во прв брак, додека процентот на деца кои едноставно живеат со двајца венчани родители е 65% од 2016 година.. Сепак, многумина сметаат дека јадреното семејство е нишката што го држи општеството заедно и работи на промовирање на семејните вредности.

Наводи

Литература

Категорија:Општествени поими Категорија:Конзервативизам Категорија:Семејство