Зелена фабрика, фабрика со нулта влијание или зеленa постројка е индустриски производствен капацитет дизајниран да го минимизира неговото влијание врз животната средина и да ги обнови ресурсите. Зелените фабрики се фокусираат на енергетска ефикасност, намалување на отпадот и употреба на обновливи извори на енергија за промовирање на еколошката одговорност. Многу од овие зелени фабрики ја добиваат својата сертификација за минимално влијание врз животната средина преку БРЕЕАМ.
Зелените фабрики најмногу и најдобро функционираат во Европската унија во делот на автомобилската индустрија. Производителите на автомобили како Порше и Фолксваген имаат визија за изградба на зелени фабрики, а БМВ веќе ја изградиле зелената фабрика на БМВ во Лајпциг, Германија. Во Соединетите Држави, компаниите исто така создаваат и зелени фабрики, како што е Панасоник, чии што зелени фабрики за производство на електрични батерии во Де Сото, Канзас ќе работат главно на ветер и сончева енергија. мини| Гигафабриката на Тесла Берлин-Бранденбург во Германија.
Наводи
Категорија:Климатски промени Категорија:Индустриски градби Категорија:Фабрики