Клајмет Реалити Чек е алатка која е дизајнирана со една цел да процени дали климатските промени се претставени во филмовите, ТВ емисиите и други наративи. Развиено од Гуд Енерџи и Метју Шнајдер-Мајерсон, истражувач на колеџот Колби, овој тест бил инспириран од тестот Бехдел (исто така познат како Бехдел-Валас тест ), кој ја мери родовата застапеност во медиумите. Клајмет Реалити Чек има за цел да осигура дека климатските промени се прикажани во приказните на екранот.

Историја Клајмет Реалити Чек бил воведен за да се реши отсуството на претставеноста на климатските промени во популарните медиуми. Алатката била развиена преку соработка помеѓу Гуд Енерџи, која е непрофитна консултантска куќа за приказни и истражувачи од Колби колеџ. Целта била да се создаде едноставна, но ефикасна мерка за поттикнување на вклучување на теми поврзани со климата во забавните медиуми. Според официјалната веб-страница за Клајмет Реалити Чек, авторот на алатката е Д-р Метју Шнајдер-Мајерсон, Кармиел Банаски, Бруно Олмедо Кирога и Ана Џејн Џојнер.

Клајмет Реалити Чек го имаше своето прво јавно појавување на 1 март 2024 година на поткастhttps://www.npr.org/programs/all-things-considered/2024/03/01/1235354889/all-things-considered-for-march-1-2024 All Things Considered произведен од НПР.

Критериуми За да ја помине проверката Клајмет Реалити чек, наративот мора да ги исполнува следниве критериуми:

1. Постојат климатски промени: Приказната мора да го отслика присуството на климатските промени преку влијанија или решенија. Ова може да се покаже преку настани како топлотни бранови, зголемување на нивото на морето или користење на обновлива енергија.

2. Еден лик го знае тоа: Најмалку еден лик мора да покаже свесност за климатските промени. Оваа свест може да се покаже преку дијалог, нарација, дејствија или визуелни слики, како што се читање напис за климатските промени или дискусија за екстремни временски настани.

Апликација Клајмет Реалити Чек се применува на филмови низ повеќе студии водени од различни организации.

Истражувачки тим во Бак Лабораторијата за клима и животна средина на Колби колеџ, водени од Д-р Метју Шнајдер-Мајерсон, го користел Клајмет Реалити Чек за да спроведе систематска содржинска анализа на 250 од најпопуларните измислени филмови објавени во периодот помеѓу 2013 и 2022 година. Тие откриле дека само 9,6% од 250 филмови ја поминале проверката на Клајмет Реалити Чек. исто така, откриле дека климатските промени се присутни во двојно повеќе филмови објавени во втората половина од деценијата(2018 до 2022 година) во споредба со првата половина (2013 до 2017 година), Филмовите во кои има барем еден лик кој е свесен за климатските промени (кои го положиле двата дела од тестот) се истакнале за 10% подобро на кино благајните одколу оние кои не биле свесни.

Наводи Категорија:Климатски промени Категорија:Филмска критика