Свети Атанасиј — главна селска црква во тетовското село Радиовце, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на сретсело, сместена на самиот регионален пат 2233 помеѓу градовите Тетово и Гостивар. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Знаејќи дека селото Радиовце и не е толку старо (првите населувања се некаде после 1400 година), може да се заклучи дека црквата, односно нејзините стари темели не можат да бидат постари од 500-600 години.
Според истражувачот Јован Трифуноски, црквата била подигната во 1917 година на местото каде претходно постоела помала стара црква.
Новата црква била изградена со личен декрет на тогашниот српски крал, кој наредил да се подигне нов храм за православното македонско население од селото. Дотогаш селаните оделе во црква на истото место, каде имало малечка и доста дотраена црква. Се смета дека првите 100 години кога се населувало селото црквата била по на југ за околу 2 километри, но и кога самото село се преселило на сегашното место ја префрлиле и црквата, односно задржано е името на светецот.
Нешто пред 2000 година е целосно обновена фасадата и покривот освен куполите. Внатрешно е целосно поплочена со мермер.
Ноќта помеѓу 8 и 9 февруари 2013 година, црквата била цел на кражба, при што биле украдени пари.
мини|лево|900п|Натпис на внатрешната врата со информации за времето на изградба и живопис, и податоци од ктиторите и иконописците
Архитектура
мини|десно|200п|Крсте Николов Колоски, живописецот на црквата
Црквата е градена во обична правоаголна форма, што е карактеристично за скоро сите цркви градени во XX век. Градена е од камен и тули, а од надвор е малтерисана. Таа спаѓа во редот на помалите цркви. Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а има и два споредни влеза од јужната и северната страна. Црквата во горниот дел завршува со две куполи. Едната е повисока, но помала во обем, а другата, пониската е тројно пообемна. И двете се осумстрани со по осум прозорци.
Главен мајстор за изградба на црквата бил Аврам Стојко Лекиќ од Јабланица.
Како и секоја црква така и оваа има и помошни објекти. Највпечатлив е објектот на кујната и трпезаријата, каде се готви и јаде на парастоси и црковни веселби. Тие се опремени со најсовремени објекти. Уште поголем впечаток остава и самата камбанарија, која е висока над 10 метри.
Во дворот на црквата има и базен, во кој на Богојавление се фрла крстот.
Според натписот над западниот влез во црквата главен мајстор во изградбата на црквата е Аврам Стојко Лекиќ од Јабланица.
Фрескоживопис
Во периодот околу 1919 година, Крсте Николов Колоски (1839-1938) заедно со син му Рафаил-Рафе и со Митре Донески од Лазарополе ја живописуваат црквата.КРСТЕ НИКОЛОВ КОЛОСКИ (1839-1938) Тој е застапен во куполата, нишата на проскомидијата, северниот и јужниот ѕид меѓу прозорските отвори и самите отвори, како и во долното ниво на камбанаријата.
Икони и иконостас
Во црквата постои дрвен иконостас.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Радиовце
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Атанасиј во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа