мини|400x400пкс| Карта на која се прикажани потписниците на Конвенцијата за долорочно прекугранично загадување на воздухот (зелена) и ратификациите (темно зелена) од јули 2007 г. Конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот има за цел да ја заштити човековата средина од загадување на воздухот и постепено да го намали и спречи загадувањето на воздухот, вклучително и прекуграничното загадување на воздухот. Се спроведува од Европската програма за мониторинг и евалуација, во режија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа.

Конвенцијата била отворена за потпишување на 13 ноември 1979 г., а била ратификувана на 16 март 1983 година.

Секретаријат Конвенцијата, која сега има 51 вклучени држави, го идентификува Извршниот секретар на Економската комисија на Обединетите нации за Европа како секретаријат за конвенцијата.

Конвенцијата е имплементирана од Европската програма за мониторинг и евалуација.EMEP History and Structure, EMEP website Резултатите од нивната програма се објавени на нивната веб-страница на www.emep.int.

Постапка Целта на конвенцијата е државите да настојуваат да го ограничат и, колку што е можно, постепено да го намалуваат и спречат загадувањето на воздухот, вклучително и прекуграничното загадување на воздухот. Како и, заедно државите да развиваат политики и стратегии за борба против загадувањето на воздухот преку размена на информации, консултации, истражување и мониторинг.

Државите се состануваат годишно за да ја разгледаат тековната работа и да ги планираат идните активности, вклучително и работен план за следната година.

Моментално, приоритетните активности на конвенцијата вклучуваат преглед и можна ревизија за најновите протоколи, имплементација на конвенцијата и нејзините протоколи низ целиот регион на Економската комисија за Обединетите нации во Европа (со посебен фокус на Источна Европа, Кавказ, Централна Азија и Југоисточна Европа) и споделување неговото знаење и информаците со другите региони во светот.

Протоколи Од 1979 година, конвенцијата за долгорочно прекугранично загадување на воздухот се занимава со некои од главните еколошки проблеми во регионот преку научна соработка и преговарање за политиките. Конвенцијата е проширена со осум протоколи кои идентификуваат конкретни мерки што треба да ги преземат државите за намалување на нивните емисии на загадувачи во воздухот.

Поврзано

Светската книга за факти на ЦИА, издание од 2003

Наводи

Надворешни врски

Конвенција за долгорочно прекугранично загадување на воздухот Ратификации, кај депозитарот Категорија:Договори на САД Категорија:Договори на Обединетото Кралство Категорија:Договори на Турција Категорија:Договори на Македонија Категорија:Договори на Шведска Категорија:Договори на Шпанија Категорија:Договори на Советскиот Сојуз Категорија:Договори на Романија Категорија:Договори на Португалија Категорија:Договори на Норвешка Категорија:Договори на Холандија Категорија:Договори на Луксембург Категорија:Договори на Италија Категорија:Договори на Грција Категорија:Договори на Грузија Категорија:Договори на Франција Категорија:Договори на Данска Категорија:Договори на Белгија Категорија:Договори на Австрија Категорија:Договори на Ерменија Категорија:Загадување на воздухот Категорија:Еколошки договори