Плејн Мед (англиски: Plane Mad) е ирска група за директна акција која води кампањи против придонесот на воздухопловната индустрија за климатските промени. Основана е во 2007 година и претставува сестринска група на британската група Плејн Стјупид (англиски:Plane Stupid). Таа е нехиерархиска организација. Нејзините четири главни барања се:
Крај на аеродромското проширување Крај на субвенциите за внатрешни летови Забрана за рекламирање на авијацијата Данок на авионско гориво
Во септември 2008 година, го прекинале АГМ на Рајанер (англиски:Ryanair) на аеродромот во Даблин, за време на говорот на извршниот директор Мајкл О'Лири. Во ноември 2008 година го прекинале говорот на министерот за животна средина, наследство и локална самоуправа од партијата на Зелените Џон Гормли во северен Даблин во знак на протест поради планираното проширување на аеродромот во Даблин.
Надворешни врски
Веб-страница на Plane Mad (од 6 февруари 2017 година, ова повеќе не е во употреба)
Наводи
Категорија:Граѓанска непослушност Категорија:Организации за климатски промени Категорија:Климатски промени