Кејли Роуз Амштуц (англ. Kayleigh Rose Amstutz; родена на 19 февруари 1998), професионално позната како Чапел Роун (англ. Chappell Roan) ― американска пејачка и текстописец. Поголемиот дел од нејзината музика е инспирирана од синт-попот од 1980-тите и поп-хитовите од раните 2000-ти. На сцената се облекува како дрег-кралица.

Во септември 2024 година, на доделувањето на MTV Video Music Awards, Роун ја освоила наградата за најдобар нов изведувач.

Детство Кејли Роуз Амштуц била родена на 19 февруари 1998 година во гратчето Вилард во Мисури. За време на детството, одела во црква трипати неделно, а летата ги поминувала во христијански кампови.

Роун почнала да свири пијано кога имала 10 или 11 години и почнала да зема часови на 12-годишна возраст. На 14 години, не ја поминала аудицијата за Америка има талент. На 14 или 15 години, почнала да поставува преработки од песни на YouTube, со што го привлекла вниманието на неколку издавачки куќи.

Кариера

2015–2021: Почетоци на кариерата Во ноември 2014 година, Роун ја поставила нејзината оригинална песна „Die Young“ на YouTube под името Кејли Роуз. Потоа заминала за Њујорк, каде што во мај 2015 година потпишала договор со издавачката куќа Atlantic Records. Во 2016 година, го усвоила уметничкото име Чапел Роун во чест на нејзиниот дедо Денис К. Чапел, кој починал од рак на мозок истата година.> Името било комбинација од презимето од дедо ѝ и збор земен од неговата омилена песна „The Strawberry Roan“ од Керли Флечер.

На 3 август 2017 година, Роун го издала нејзиниот прв сингл, „Good Hurt“. Песната била позитивно оценета од списанието Интервју, кое ја пофалила нејзината „зрелост и изненадувачки длабокиот глас“. На 22 септември 2017 година, објавила мини-албум под наслов School Nights. Во 2018 година, Роун се преселила во Лос Анџелес. Таа изјавила дека тогаш за првпат се почувствувала способна отворено да живее како хомосексуалка.

Роун почнала да соработува со текстописецот и продуцент Ден Нигро кон крајот на 2018 година. Во април 2020 година, Роун го објавила синглот „Pink Pony Club“, песна која веднаш станала вирална на социјалните мрежи и привлекла големо внимание. Оваа песна ја прикажува трансформацијата на Чапел Роун и била опишана како химна на самоизразување и прифаќање.

Роун, во мај 2020 година, објавила уште два сингла, „Love Me Anyway“ и „California“. Нејзините изданија не биле доволно профитабилни за Атлантик и тие го прекинале договорот со Роун во август 2020 година. И покрај ова, весникот USA Today ја ставил песната „Pink Pony Club“ на трето место на списокот од „10 најдобри песни за 2020 година“. Една година по објавувањето, мрежното место Vulture ја прогласило „Pink Pony Club“ за „Песна на летото 2021“. До август 2022 година, песната била емитувана преку 10 милиони пати на Spotify.

На почетокот од 2021 година, по успехот на песната „Driving Licence“ од Оливија Родриго, Нигро додека работел на албумот Sour со Родриго ја запоставил Роун; Роун не можела да најде соработник кој толку многу ѝ се допаѓа.

2022–2023: Издавање на албумот The Rise and Fall of a Midwest Princess Роун случила издавачки договор со Sony Music, а во февруари 2022 година повторно соработувала со Нигро за создавање и издавање на песната „Naked in Manhattan“. Роун, исто така, била избрана како воведен изведувач за Оливија Родриго за концертите од нејзината турнеја под наслов Sour. мини|Роун на настап во 2022 година На 22 септември 2023 година, Роун го издала нејзиниот прв студиски албум, The Rise and Fall of a Midwest Princess и ја започнала нејзината втора сопствена турнеја, Midwest Princess Tour. Албумот The Rise and Fall of a Midwest Princess бил вклучен во неколку топ-листи за најдобри албуми во 2023 година од публикации како:The AV Club, Time, Nylon, Dork, Ролинг Стоун, Билборд и Вог. Исто така, се нашол меѓу 22-те најдобри поп-албуми од 2023 година според Pitchfork и бил прогласен за најдобар албум за 2023 година од Pop Buzz.

2024–денес: Пробив на музичката сцена Роун, од февруари до април 2024 година, била воведен изведувач за Оливија Родриго за нејзината светска турнеја Guts за концертите во САД и Канада.

Во април 2024 година, Роун го издала синглот „Good Luck, Babe!“, опишувајќи ја како „прва песна од следното поглавје“. Во јуни, песната станала нејзин прв топ-20 хит на Billboard Hot 100, а во август се искачила на шесто место. Иако песната не била вклучена во нејзиниот прв албум, успехот на песната придонел и за популаризација на албумот. Во јуни 2024 година, The Rise and Fall of a Midwest Princess за првпат влегол меѓу првите десет на Billboard 200. Во август, албумот се искачил на второ место.

Во септември 2024 година, на доделувањето на MTV Video Music Awards, Роун ја освоила наградата за најдобар нов изведувач.

Личен живот Роун денес живее во Лос Анџелес. Иако била воспитана во христијански дух, таа рекла дека повеќе не се идентификува со црквата и дека нејзиниот сегашен однос со религијата „еволуира“. Роун во минатото имала врски со мажи, но изјавила дека повеќе не излегува со мажи и се идентификува како лезбејка. Од септември 2024 година, Роун е во врска со жена.

На Роун ѝ било дијагностицирано биполарно II растројство кога имала 22 години.

Дискографија

Студиски албуми

The Rise and Fall of a Midwest Princess (2023)

Мини-албуми

School Nights (2017)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски ЛГБТ-пејачи Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Американски кантавторки Категорија:Пејачи со попреченост Категорија:Американски електронски музичарки Категорија:Американски сопрани Категорија:Пејачи од Мисури Категорија:Добитници на MTV Video музички награди