Андо Ѓорѓиев, роден со името Андо Трајков Ѓорѓиев (Војница, 1920 — Раштански Колиби, 10 септември 1944) — македонски партизан, дел од НОВМ. Член во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Партизан во осмата македонска ударна бригада. Деец во Народноослободителната борба во Македонија против бугарските и германските окупатори. За време на Битката кај Раштански Колиби тој храбро и трагично загинал.

Животопис Роден е во сиромашно земјоделско семество во велешкото село Војница. Основно училишно образование успешно го завршил но одлучил да не продолжи со средно училишно образование. Почнал да работи како земјоделец заедно со неговите родители.

Во есента 1943 година бил регрутиран во бугарската фашистичка окупаторска војска. Во летто на 1944 година бил преместен во 56 полк на бугарската армија, но Ѓорѓиев не посакал да соработува со суровата фашистичка власт и заради тоа во септември 1944 година избегнал од бугарската војска и учествувал во формирањето на осмата македонска ударна бригада во 2-ри септември 1944 година во велешкото село Отиштино. Во 10-ти септември истата година бил учесник во Битката кај месноста Раштански Колиби против германските воени единици. За време на битката трагично загинал. После војната неговите посмртни остатоци биле пренесени во Велес, каде што се и ден денес.

Наводи

Категорија:Родени во 1920 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Луѓе од Војница Категорија:Македонски партизани Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Жртви во Битката кај Раштански Колиби