Клер Елис Буше (англиски: Claire Elise Boucher; родена на 17 март 1988), професионално позната како Грајмс (англиски: Grimes) ― канадска музичарка, пејачка, текстописец и музички продуцент. Нејзините стихови често содржат теми на научна фантастика и феминизам. Издала пет студиски албуми.
На меѓународната музичка сцена се пробила со нејзиниот трет студиски албум Visions, издаден во 2012 година и кој и донел многу награди и признанија. Нејзината врска со бизнисменот Илон Маск, со кого има три деца, била предмет на широка медиумска покриеност.
Живот и кариера Клер Елис Буше била родена на 17 март 1988 година во Ванкувер, Британска Колумбија. Има француско-канадско, украинско и италијанско потекло. Во 2006 година, по матурирањето во средно училиште, се запишала на Универзитетот Мекгил во Монтреал, каде што студирала неколку дисциплини, вклучувајќи невропсихологија и руска литература. Била избркана од универзитетот во декември 2010 година затоа што не ја посетувала наставата.
Кариера Според нејзината страница на Мајспејс, почнала да пишува музика под името Грајмс во 2007 година. Во тоа време, Мајспејс им дозволувал на музичарите да наведат три музички жанрови, а таа за сите три навела дека се „грајм“ без воопшто да знае за каков жанр се работи. Оттука потекнува и нејзиното уметничко име. Грајмс била самоука во музиката и во визуелната уметност. лево|мини| Грајмс на настап на фестивалот South by Southwest во 2012 година Во јануари 2010 година, Грајмс го издала нејзиниот прв албум, Geidi Primes. Овој албум, инспириран од научнофанатастичниот роман Дина од Френк Херберт, ја прикажал нејзината склоност кон електронската музика и експериментални звуци. Истата година, го издала и вториот албум, Halfaxa.
По турнеите и позитивниот прием на нејзините први два албума, Грајмс во јануари 2012 година потпишала договор со издавачката куќа 4AD. Нејзиниот трет студиски албум, Visions, бил издаден на 31 јануари 2012 година. Албумот станал меѓународно популарен и ги содржел хитовите: „Oblivion“ и „Genesis“. Во 2013 година, списанието NME го вклучило на нивната листа од „500 најдобри албуми на сите времиња“. На Јуно наградите, Visions ја освоил наградата за електронски албум на годината, а Грајмс била номинирана за музичар во подем на годината. Грајмс, исто така, ја освоила наградата за уметник на годината на Webby Awards во 2013 година.
Вториот сингл од албумот, „Oblivion“, бил прогласен за најдобра песна за 2012 година од страна на Pitchfork, и во 2014 година исто така го рангирал синглот на прво место на нивната листа од „200 најдобри песни на деценијата досега“.
На 26 јуни 2014 година, Грајмс објавила нова песна под наслов „Go“, продуцирана и отпеана заедно со Blood Diamonds. Песната првично била напишана за Ријана, но таа ја отфрлила. Ролинг Стоун ја рангирала на четиринаесетто место на нивната листа од најдобри песни за 2014 година. На 19 август 2014 година, Грајмс била вклучена во музиката за ремиксот на My Song 5 од групата Haim.
На 15 март 2015 година, Грајмс и групата Bleachers ја објавиле нивната соработка, песната „Entropy“ за ТВ-серијата „Девојки“. Во текот на летото во 2015 година, Грајмс била на турнеја со Лана Дел Реј на неколку концерти од нејзината турнеја под наслов Endless Summer.
Нејзиниот четврти студиски албум, Art Angels, бил издаден во ноември 2015 година. Албумот добил високи оценки од критичарите (88 од можни 100 на Metacritic), и содржел песни како „Flesh Without Blood“ и „Kill V. Maim“. Art Angels бил прогласен за албум на годината од NME, Exclaim! и Stereogum. Грајмс ја освоила „Меѓународната награда“ на Сокан наградите во 2016 година и наградата за музичар на годината на Харперс Базар за 2016 година. мини|Грајмс настапува на Lollapalooza во 2016 година На 15 ноември 2019 година, објавила две верзии од синглот „So Heavy I Fell Through the Earth“ и настапила на наградите за видео игри во организација на „4ÆM“ за да се претстави како Лизи Визи, лик чиј глас го позајмила во играта Cyberpunk 2077. Албумот Miss Anthropocene бил издаден на 21 февруари 2020 година. Овој концептуален албум се фокусира на теми поврзани со климатските промени и апокалиптични визии за иднината. Албумот означил промена на нејзината музичка насока, при што биле застапени потемни и експериментални тонови. Песните „Delete Forever“ и „Violence“ биле високо оценети од критичарите за нивната емоционална длабочина и за продукцијата.
На 5 март 2021 година, Грајмс потпишала со Columbia Records. Нејзината песна „California“ беше прикажана во анимираниот филм Мичелови против машините. Во јуни, се појавила во музичкото видео од Дожа Кет, „Need to Know“.
Во јули 2021 година, Грајмс, заедно со will.i.am, Аланис Морисет, Ник Лачи и Роси Дијаз биле претставени како судии на Алтер Его, нова серија на натпревари за пеење. Исто така, имала камео појавување во краткиот филм Discord: The Movie, заедно со Awkwafina, Дени Девито и Џеј Балвин. На 30 септември, Грајмс објавила нова песна под наслов „Love“ снимена како одговор на нејзината разделба со Илон Маск и медиумското внимание кое го привлекла.
На 20 септември 2024 година, Грајмс објавила ремикс на песна под наслов „Supernova“, оригинално изведена од кеј-поп групата, Аеспа.
Личен живот Грајмс отворено зборува за користењето дрога во минатото и открила дека интензивно користела за време на создавањето на нејзиниот трет албум Visions во 2012 година, кога „ги затемнувала прозорците и пиела тони амфетамин и останувала будна три недели и не јадела ништо“. Во 2014 година, напишала блог-статија во која изразила одбивност кон тешки дроги.
Грајмс го прифаќа нејзиниот специфичен сигматизам и не изразила желба да посетува говорна терапија за да го промени. Грајмс изјавила дека е аутистична, велејќи дека претходно погрешно ѝ бил дијагностициран синдром на немирни нозе и шизоафективно пореметување.
Врски Од 2007 до 2010 година, Грајмс била во непостојана врска со Девон Велш, тогаш главен пејач на Majical Cloudz. Од 2012 до 2018 година, Грајмс била во врска со електронскиот музичар Џејми Брукс, кој ја поддржуваше на турнејата Visions настапувајќи под името Elite Gymnastics.
Во 2018 година, Грајмс започнала врска со деловниот магнат Илон Маск. Во 2020 година, Грајмс родила син, а во 2021 година добиле ќерка преку сурогат-мајка. Двојката се „полуразделила“ во септември 2021 година. Во септември 2023 година, било објавено дека двојката добила уште еден син. Подоцна истиот месец, Грајмс го тужела Маск поради родителски права над нивните деца пред судот во Калифорнија.
Во март 2024 година, Грајмс објавила дека е во врска со американскиот диџеј Матео Милери, познат и како Анима.
Дискографија Студиски албуми
Geidi Primes (2010) Halfaxa (2010) Visions (2012) Art Angels (2015) Miss Anthropocene (2020)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Канадски пејачки Категорија:Апсолвенти на универзитетот „МекГил“ Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Пејачи со попреченост Категорија:Клавијатуристки Категорија:Синт-поп-пејачи Категорија:Добитници на Џуно награда Категорија:Канадски инди-поп-музичари Категорија:Електропоп музичари Категорија:Дрим-поп музичари Категорија:Канадски музички продуценти Категорија:Канадски режисерки Категорија:Канадски електронски музичари Категорија:Канадски глумици Категорија:Канадски клавијатуристи Категорија:Арт-поп музичари Категорија:Канадски феминисти Категорија:Луѓе од Ванкувер