Opuntia atrispina е вид кактус од родот опунција . Кактусот може да се најде на ограничен простор во САД. Во Тексас може да се најде во Увалде до Дел Рио/ Лангтри - мал простор долг само 50 милји.
Опис Латинското име на овој вид значи „црношилест“, што го означува фактот дека неговите боцки се темно-кафеави до црни, особено во долниот дел.
Цветовите на овие мали кактуси се посебни затоа што се отвораат во бледо жолта боја (понекогаш речиси бели) и потемнуваат со возраста. Така, растенијата можат да бидат украсени со цвеќиња во повеќе бои: крем, жолта и розева. Новоотворените цвеќиња може да имаат дури и зелена боја во средината. Боцките се посебни затоа што се жолтеникави на врвовите, но темно кафеави на основата.
Наводи
Надворешни врски
Фотографска галерија на Opuntia atrispina на Opuntia Web Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Опунција