Алесија Карачиоло (италијански: Alessia Caracciolo; родена на 11 јули 1996 година), професионално позната како Алесија Кара (англ. Alessia Cara) ― канадска пејачка и текстописец. На Греми наградите во 2018 година, Кара ja освоила наградата за „Најдобар нов изведувач“ со што станала прв Канаѓанец кој ја освоил оваа награда.

Живот и кариера Алесија Кара била родена на 11 јули 1996 година, во Мисисога, Онтарио, а детството го поминала во Брамптон, каде што завршила средното католичко училиште. Нејзиното семејство по потекло е од Калабрија, и таа течно зборува италијански. Почнала да свири гитара на 10-годишна возраст, а на 13-годишна возраст креирала свој канал на YouTube каде што објавувала преработки на песни што ги пеела.

2014–2017: Почетоци на кариерата и прв албум десно|мини| Промотивна фотографија на Кара од 2015 година Откако поставила акустични преработки на песните „Love Yourself“ и „Sweater Weather“ на YouTube, во јули 2014 година Кара потпишала договор за менаџирање со EP Entertainment и подоцна истата година започнала да работи на нејзиниот прв студиски албум. Накратко го употребувала естрадното име Алесија пред да се одлучи за Алесија Кара. Во април 2015 година, преку Def Jam, Кара го издала нејзиниот прв официјален сингл под наслов „Here“. Ролинг Стоун подоцна ја рангирал „Here“ на 21-во место на нивниот список од 50 најдобри песни за 2015 година. „Here“ била номинирана за „Оригинална песна“ на Streamy Awards. Кара го издала мини-албумот Four Pink Walls, кој содржел пет песни, вклучувајќи го и нејзиниот прв сингл. Нејзиниот прв албум, Know-It-All, бил објавен на 13 ноември 2015 година.

Во 2016 година, Кара ја добила наградата за најдобар нов музичар на годината на Џуно наградите. Истата година била воведен музичар на турнејата од британската алтернативна рок-група Колдплеј, пеела во реобјавената верзија на песната „Wild“ од Трој Сиван и настапила на фестивалот во Гластонбери. Музичкото видео за песната во нејзина изведба „How Far I'll Go“, од Дизниевиот филм Вајана, бил објавен на 3 ноември 2016 година и оттогаш имал над 270 милиони прегледи на YouTube.Brittany Spanos, "Watch Alessia Cara's Gorgeous, Beach-Set 'How Far I'll Go' Video," Rolling Stone, November 3, 2016.

Во 2017 година, Кара соработувала со диџејот и продуцент Зед за синглот „Stay“, кој во Канада бил сертифициран за седумкратно платинест, а заедно со американскиот пејач и текстописец Калид придонела на песната „1-800-273-8255 “ од раперот Лоџик. Кара се појавила и во спотот за песната кој бил објавен на 17 август 2017 година.

2018–2020: Издавање на албумите The Pains of Growing и This Summer десно|мини| Кара на настап во Сиднеј во 2018 година На Греми наградите во 2018 година, Кара била номинирана за награда во четири категории и ја добила наградата за „Најдобар нов изведувач“ со што станала прв Канаѓанец кој ја освоил оваа награда.

Во октомври 2018 година, Кара соработувала со италијанскиот пејач Ерос Рамацоти за песната „Vale per sempre“, од албумот Vita ce n'è. Вториот студиски албум на Кара, The Pains of Growing, бил објавен на 30 ноември 2018 година. За помалку од два часа по објавувањето, албумот дебитирал на прво место на американската поп-листа на iTunes. Во 2020 година, албумот освоил Џуно награда за „Албум на годината“ и за „Поп-албум на годината“, а на истата церемонија Кара освоила Џуно за текстописец на годината.

Кара, исто така, соработувала со Алек Бенџамин на песната „Let Me Down Slowly“, која била објавена на 7 јануари 2019 година. На 21 февруари, Кара објавила дека ќе го придружува на Шон Мендес како воведен изведувач на неговата светска турнеја.

На 6 септември 2019 година, Кара го издала мини-албумот, This Summer. На 17 јули 2020 година, го објавила нејзиниот прв мини-албум во живо, This Summer: Live Off The Floor.

2021–сега: Најнови изданија На 24 септември 2021 година, бил објавен нејзиниот албум In the Meantime заедно со спотот за песната „Best Days“. Албумот бил пофален од музичките критичари, а особено интроспективните и ранливи стихови на песните од албумот.

Во август 2023 година, Кара на X објавила дека работи на нејзиниот четврти студиски албум. Албумот, под наслов Love & Hyperbole, треба да биде издаден на 14 февруари 2025 година.

Личен живот Кара живее во Торонто. Во неколку прилики открила дека има синестезија, како и кератоза пиларис (пилешка кожа) и косопад. Исто така, таа отворено зборува за нејзините проблеми со душевното здравје и несоницата. Кара има двојно државјанство - канадско и италијанско.

Дискографија

Know-It-All (2015) The Pains of Growing (2018) In the Meantime (2021) Love & Hyperbole (2025)

Награди и номинации Во 2018 година, Кара станала прв канаѓанец кој освоил Греми за најдобар нов изведувач. Исто така, била номинирана за награда на Американските музички награди и Билбордовите музички награди, а освоила музичка награда од iHeartRadio, пет Џуно награди, две MTV Video Music Awards и MTV Europe музичка награда.

Наводи

Надворешни врски

Профил на Алесија Кара на Def Jam Recordings Alessia Cara на IMDB

Категорија:Добитници на MTV Video музички награди Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на Греми Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Канадски пејачки Категорија:Добитници на Џуно награда Категорија:Канадски кантавторки Категорија:Канадски поп-пејачки Категорија:Канадски соул-пејачки Категорија:Канаѓани со италијанско потекло Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди