Ресокрилци (ред: Thysanoptera) ― мали инсекти, најчесто со должина до 1 милиметар, кои се карактеризираат со тенко тело и ресести крила, поради што го добиле и името „ресокрилци“. Ентомолозите опишале приближно 7.700 видови. Овие инсекти се распространети низ цел свет и можат да се најдат во различни климатски зони, од топли и влажни до студени и суви региони. Ресокрилците се познати по нивните специфични методи на исхрана и репродукција и играат значајна улога во екосистемот, но исто така се сметаат и за штетници во земјоделството.
Опис и морфологија лево|мини| Типичен ресокрилец: Tubulifera Ресокрилците се мали инсекти со тенко тело и два пара крила, кои се обраснати со реси. Должината може да варира од 0,5 до 14 милиметри, но повеќето видови не се подолги од 1 милиметар. Имаат издолжено тело кое обично е светложолто, кафеаво или црно. Многу видови ресокрилци имаат специфични шарки или знаци на телото. Возрасните единки имаат две двојки крила, кои кај некои видови можат да бидат целосно отсутни. Нивните усти се асиметрични и се прилагодени за прободување и цицање, што им овозможува да ги цицаат соковите од растенијата или од други мали членконоги. мини| Асиметрична уста кај Heliothrips Телото на ресокрилците е поделено на три основни дела: глава, гради и стомак. Имаат карактеристичен облик на триаголна глава со мали и комплицирани усни делови кои им служат за прободување и цицање. Ова им овозможува да цицаат сокови од растенија и да предизвикуваат оштетувања на растителните ткива.
Биологија
Исхрана Се смета дека ресокрилците потекнуваат од предок кој се хранел со габи за време на мезозоикот. Некои ресокрилци сè уште се хранат и ненамерно ги прераспределуваат габичните спори. Тие живеат меѓу лисјата или на мртвото дрво и се важни членови на екосистемот, а нивната исхрана често се дополнува со полен. Иако претежно се хранат со растителни сокови и клеточен сок од растителни ткива, некои видови ресокрилци се предатори кои се хранат со помали инсекти или други ресокрилци. Со својата уста можат да оштетат некои растенија, при што претежно ги напаѓаат пупките на растенијата, цветовите или новите листови. При процесот на цицање сокови, тие предизвикуваат оштетувања на растенијата кои можат да се забележат како ситни точки, дамки или венење на листовите.
Оштетување на растенијата Ресокрилците може да предизвикаат оштетување за време на нивната исхрана. Некои видови ресокрилци се значајни штетници во земјоделството, бидејќи предизвикуваат оштетувања на комерцијални култури, како: домати, пиперки, краставици и овошја. Thrips tabaci ги оштетува посевите на кромид, компир, тутун и памук. мини| Евсоцијалните колонии на Кладотрипс живеат во жолчки предизвикани на дрвјата багрем . Некои видови ресокрилци речиси секогаш создаваат жолчки во ткивото на листот. Тие исто така можат да пренесуваат вируси од едно растение на друго, што предизвикува дополнителни економски загуби.
Животен циклус Ресокрилците несат исклучително мали јајца, со големина од околу 0,2 мм. Женките од подредот Terebrantia прават резови во растителното ткиво со својот ovipositor и во секој рез вметнуваат по едно јајце. Женките од подредот Tubulifera ги положуваат јајцата поединечно или во мали групи на надворешните површини од растенијата. Познато е дека некои ресокрилци како што е Elaphothrips tuberculatus се факултативно ововивипари, ги задржуваат јајцата внатрешно и раѓаат машки потомци. Женките од многу видови ги чуваат јајцата од канибализам од други женки, како и од предатори.
Ресокрилците се хемиметаболни, постепено се метаморфозираат во возрасна форма. Животниот циклус на ресокрилците вклучува неколку фази: јајце, ларва, пронимфа, нимфа и возрасен стадиум. По положувањето од јајцата се изведуваат во ларви, кои брзо минуваат низ фазите и прераснуваат во нимфи, а потоа во возрасни единки. Фазата на возрасна единка може да се достигне за околу 8-15 дена; Возрасните можат да живеат околу 45 дена.
Наводи
Категорија:Paraneoptera Категорија:Инсекти Категорија:Земјоделски штетници