Славословие или доксологија (старогрчки: , од зборовите (докса) што значи „слава“ и (логија) што значи „реч“, „слово“ или „наука“)American Heritage Dictionary, Wordnik, s.v. "doxology". ― вид кратка христијанска песна за пофалби кон Бога. Спаѓа меѓу најстарите видови христијански песни која потекнува од еврејската богослужбена традиција.

Велико славословие Меѓу христијанските традиции, доксологијата најчесто е израз на пофалба што се пее на Света Троица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Најпознато славословие е „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови. Амин“ и се нарекува мало славословие. Латинското име на оваа доксологија е Gloria Patri и се користи како доксологија во многу христијански традиции, вклучувајќи ги: римокатолиците, старокатолиците, независните католици, православните, лутераните, англиканците, презвитеријанците, методистите, учениците на Христос и реформираните баптисти.

Со време, ова славословие се проширувало и ја добило формата на Велико Славословие, кое се пее во недела и на големи празници пред самиот почеток на Светата литургија. Великото славословие на староловенски е познато како „Слава в вишних Богу“ а на латински „Gloria in excelsis Deo“.

Славословие како богослужба Доксологија, исто така, е посебен вид богослужба која се пее како благодарност кон Бога на народни празници и при големи настани како помазување на цар, враќање на војска од победа и слично. Името го добила затоа што Великото славословие зазема централно место во богослужбата. Службата доксологија потекнува од Византиското Царство.

Во Македонија традицијата за оваа богослужба до неодамна била изгубена, но праксата била повторно востановена најпрво за празникот Илинден. Чинот на богослужба се извршувал според книгата Светогорски типик, при што биле променети некои тропари, а за превод на молитвите бил користен Диптих со укази за Типикот од Атинската Архиепископија.

Наводи

Надворешни врски

Велико Славословие Категорија:Христијански поими Категорија:Грцизми Категорија:Христијански песни