Вејворд Пајнс () — американска мистерија и научнофантастична ТВ-серија, адаптирана од истоимените романи на Блејк Крауч. Развиена за телевизија од Чад Хоџ, пилотната епизода била режирана од М. Најт Шјамалан, при што и Хоџ и Шјамалан служеле како извршни продуценти. Серијата дебитирала на Fox на 14 мај 2015 г., а нејзината прва сезона завршила на 23 јули 2015 г.

На 9 декември 2015 г., Fox ја обновил „Вејворд Пајнс“ за втора сезона, која се прикажувала од 25 мај до 27 јули 2016 г. Серијата на крајот била откажана во 2018 г.

Серијата била прикажана и во Македонија, на каналот Fox.

Содржина Агентот на Тајната служба Итан Берк пристигнува во гратчето Вејворд Пајнс, Ајдахо, за да го истражи исчезнувањето на двајца федерални агенти — од кои едниот е неговата поранешна љубовница Кејт Хјусон. Меѓутоа, на пат до таму, тој има несреќа и се буди во болницата во градот, каде што го запознава д-р Џенкинс. Итан брзо забележува чудни правила во Вејворд Пајнс: жителите постојано се надгледуваат, општењето со надворешниот свет е невозможно, а градот е ограден со висок ѕид со наелектризирана ограда. Месниот шериф му соопштува на Итан за строгите правила, вклучително и никогаш да не разговара за минати животи и секогаш да одговара на телефонот кога ќе заѕвони. Некои жители на градот тајно планираат бегство.

За време на обидот за бегство, Итан успева да излезе подалеку од ѕидот и ја открива шокантната вистина: годината е 4028. Светска пропаст ја преобразила Земјата, сега преплавена од мутирани суштества наречени абија (еднина: аби, скратено од англ. aberration = „неприродност“). Вејворд Пајнс е основана од научници што ја предвиделе оваа иднина и се зачувале во криогенски сон, будејќи се 2.000 години подоцна за да создадат „безбедна“ заедница. Д-р Џенкинс, всушност Дејвид Пилчер, го води овој опит, кој треба да му даде на човештвото нов почеток. Додека некои жители ја знаат вистината, повеќето биле донесени во Вејворд Пајнс без согласност.

Обидите за бегство го загрозуваат опстанокот на градот, бидејќи абијата постојано се обидуваат да ги пробијат ѕидовите. На крајот на првата сезона, Итан умира бранејќи го градот, и настанува мала граѓанска војна. Предводени од синот на Итан, Бен, бунтовниците (Опозицијата) од второто поколение на градот успеваат да го затворат постојаниот надзор. Меѓутоа, залихите во Вејворд Пајнс почнуваат да се намалуваат, и жителите мораат да се осмелат да излезат надвор од ѕидовите за да одгледуваат храна. Заедницата се соочува со избор: да се врати на криогенски сон, иако нема доволно соби за секого, или да најде начин да преживее надвор.

Улоги ГлумецУлогаМет ДилонИтан БеркКарла ГуџиноКејт ХјусонТоби ЏонсДејвид Пилчер / д-р ЏенкинсШенин СосамонТереза БеркРид ДајмондХаролд БолинџерЧарли ТаханБен БеркЏулиет ЛуисБеверли БраунТим ГрифинАдам ХаслерМелиса ЛиоПамела ПилчерТеренс Хауардшериф Арнолд ПоупЏејсон Патрикд-р Теодор ЈедлинНимрат КаурРебека ЈедлинЏош ХелманКсандер БекТом СтивенсЏејсон ХигинсКејси РолКери КемпбелХоуп ДејвисМеган ФишерЏимон ХансуКристофер Џејмс „Сиџеј“ МичемКристофер МаерМарио

Епизоди СезонаЕпизодиДатуми на објавувањеПочналаЗавршила11014 мај 201523 јули 201521025 мај 201627 јули 2016

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Телевизиски серии