мини|238x238пкс|Слика на млади девојки во долна облека. Во лоликонот, детските особини често се сврзуваат со еротски призвук Лоликон () — јапонски поим што настанал како спојување од зборовите „Лолита“ (јап. ロリータ) и „комплекс“ (јап. コンプレックス). Во Јапонија, овој поим се однесува на привлечноста кон девојчиња во предпубертетски или ран пубертет или слични на нив по надворешни параметри и луѓе што имаат склоност кон овој облик на педофилија.

Надвор од Јапонија, поимов е поретко вообичаен и, по правило, се користи во врска со јапонската анимација (аниме) и стриповите (манга) што содржат еротски или романтични сцени во кои се вклучени мали девојчиња или очигледно малолетни девојчиња. Изразот е упатување на романот „Лолита“ на Владимир Набоков, во кој средовечен маж е полово обземен од дванаесетгодишно девојче.Kinsella, 305.

Еквивалентен поим за опишување на привлечност кон момчиња (или соодветниот жанр) е шотакон.

Развој Елементи на лоликон (зголемен интерес на мажите за мали девојчиња или романтични чувства на девојче кон возрасен маж) се среќаваат доста често во анимето, вклучително и во детски и младешки серии. На развојот на лоликонот многу значително влијаела аниме-серијата Cardcaptor Sakura, во која, и покрај отсуството на какви било еротски елементи, имала многу двосмислени сцени. Главниот лик на серијата, девојката Сакура, е најпопуларниот лик во мангите за лоликон и доџинши. Значајно влијание врз спецификите на жанрот имала и серијата Soul Taker и нејзиното продолжение Nurse Witch Komugi-chan, чиј главен лик, Комуги, станала вториот симбол на лоликон заедно со Сакура.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Поими во аниме и манга Категорија:Сексуалност