Света Богородица Балаклија (или Пресвета Богородица Балаклија) — главна манастирска црква на манастирот Добра Вода во кочанското село Оризари, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа над денешното Оризари, додека во минатото црквата била над некогашното село Витоша.

Во близина на црквата се наоѓа изворот Добра Вода, по кого е и наречен целиот манастир. За изворот се верува дека е лековита вода.

Историја

Истражувачот Јован Трифуноски наведува дека на месноста Бела Црква, североисточно од денешното село, постоеле остатоци на срушена црква. Од црквата биле видливи ѕидови високо до 60 центиметри, а црквата била долга 8 и широка околу 4 метри. На ѕидовите се познавале и фрагменти од фрескоживопис.

Храмот бил изграден во 1974 година на темелите од старата црква, а бил осветен на 1 мај 1992 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Црквата била преосветена од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион на 5 ноември 2023 година откако истиот бил целосно обновен, фрескоживописан и добил нов иконостас.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата поседува целосно нов фрескоживопис.

Иконостас и икони

При обновата на црквата добила целосно нов иконостас.

Галерија

Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Оризарска парохија Оризари

Наводи

Надворешни врски

Оризари Категорија:Добра Вода (манастир)