Трајче Малинов е роден 23 мај 1973 година во Велес. Тој е македонски композитор, музичар, етномузиколог и автор.

Животопис Трајче Малинов е роден во велес на 23 мај 1973 година во Велес. Основно образование завршил во Велес, паралелно со основно музичко образование. Средно образование се запишал во Штип, каде завршил инструментален отсек кларинет. Своето школување го продолжил во Скопје. Студирал на Факултетот за Музичка уметност и дипломирал во 2005 година, на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- отсек музичка теорија и педагогија, паралелно и отсек народни инструменти кај проф. д-р. Драган Даутовски. Во 2011 година магистрирал на ФМУ во класата на Доц.д-р. Александар Димитријевски- отсек етномузикологија и оркестрација на народни инструменти кај проф. д-р. Драган Даутовски. Дипломирал и на Факултетот за музичка уметност во Штип во класата на проф. др. Бранко Павловски на отсекот инструменталист-кларинет. Малинов освен на кларинет свири и на саксофон, тамбура и гајда.

Професионално искуство Малинов во своето професионално и музичко искуство како композитор, вокалист и изведувач на музика има богата историја на настапи. Авторот Трајче Малинов е активен музиколог на македонскиот фолклор. Малинов е долгогодишен член на велешката музичка група „Виртус“. Со музичката група имаат изадено 2 албума со обработени народни песни и ора “Бисери од незаборавот 1“ и “ Бисери од незаборавот 2“.

Во Јули 2021 година, тој отвoрил отсек за традициски инструменти во ООМУ Стефан Гајдов - Велес каде што и денес работи како наставник. Со оркестарот на традициски инструменти со кој тој раководи имаат многубројни државни и меѓународни настапи и награди. На интернационалниот натпревар, “Angel Voice“ во Белград ја освоиле наградата „Лауреат на натпреварот“.

Автор е на 10  новокомпонирани песни, кои се изведувани на Фолк-фестивалите во Македонија, “Лешочки фолк-фест“ и “Роса-фест“ во Скопје. Има настапувано на бројни фестивали и настани во земјава и во странство, соработyвал и со врвни музичари од Босна и Херцеговина и од Германија. Инспириран од македонскиот фолклор и самото поднебје од кое тој потекнува за кое обележје е чалгиската традиција, дошол на идеја да го зачува заборавеното автохтоно творештво на чалгиските тајфи кои музицирале во велешкиот регион кон крајот на XIX и низ целиот XX век па се до денес.

Автор е на книгата “Ало Тончов-бардот на велешката чалгија“ Во книгата тој говори за еден од најпознатите самоуки виолинисти, кој што живеел во Велес а бил познат низ цела Македонија и оставил траг со своето творештво. Во книгата Малинов запишал и мелографирал фотографии од песни и ора што се изведувале на веселбите и свадбите. Со ова дело Малинов сакал да остави траг за незаборав на велешката чалгија.

Автор на музика Малинов е музички композитор и вокален изведувач на следниве песни кои ги исполнува со групата„Виртус“ од Велес. Води ме болко моја https://www.youtube.com/watch?v=_naQkfT2UJI Спомени Љубовна серенада https://www.youtube.com/watch?v=WBQmYYfSlZg Утрото ден ќе донесе https://www.youtube.com/watch?v=Oz-S3V7Wj6Y Рапсодија во сино https://www.youtube.com/watch?v=C7OBxqbCEvk Ој ти моме Лично https://www.youtube.com/watch?v=lWV7m_j5WFw Не барај ме милаhttps://www.youtube.com/watch?v=iPSLp6Y2caE Не кажувај крај https://www.youtube.com/watch?v=8vRlxQYXI84 Налеј дупла и запеј https://www.youtube.com/watch?v=TtkRunQYmVI Најмила(Кантавтор) https://www.youtube.com/watch?v=WfkOlVnmG5E

Наводи

Надворешни врски Видео на facebook.com Трајче Малинов „Велес, Велес убав град“, групата Виртус ја стави на ЦД канал 5

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Музичари Категорија:Македонски кларинетисти Категорија:Македонски музиколози Категорија:Кантавтори по националност