мини|Доматен сок во чаша, украсен со парче домат и гранче Доматен сок — сок направен од домати, кој обично се користи како пијалак, обичен или во коктели како што се Крвавата Мери, Крвав Цезар коктел или Мичелада.

Историја Доматниот сок првпат бил послужен како пијалак во 1917 година од Луис Перин во францускиот хотел Лик Спрингс во јужна Индијана, кога му снемало сок од портокал и му била потребна брза замена. Неговата комбинација од цедени домати, шеќер и неговиот специјален сос добил инстант успех, бидејќи бизнисмените од Чикаго ја рашириле веста за коктелот со сок од домати.

Производство Многу комерцијални производители на сок од домати исто така додаваат сол. Често се додаваат и други состојки, како кромид во прав, лук во прав и други зачини. Во Соединетите Држави, масовно произведениот сок од домати почнал да се продава во средината на 1920-тите, а неколку години потоа станал популарен пијалак за појадок.

Во Соединетите Американски Држави, повеќето сокови од домати се прават од доматна паста, но исто така е дозволено и пресување. Доматите потребно е да бидат зрели и претежно исчистени од семињата. Вкупната содржина на цврсти материи е повеќе од 5,0%, без дозволена дополнителна вода. Дозволени се дополнителни додавања на сол и органски киселини, но не и засладувачи.

Во Канада, сокот од домати е неконцентриран и пастеризиран. Останатите барања се во голема мера слични, освен што дозволените адитиви се средство за засладување, лимонска киселина и сол. Реконституираните сокови генерално треба да бидат јасно означени.

Употреба мини| Доматен сок со други состојки што се наоѓаат во мешавината Крвавата Мери Во Канада и Мексико, доматниот сок најчесто се меша со пиво. Мешавината е позната во Канада како Калгари црвени очи, а во Мексико како Сварено пиво. Сокот од домати е основа за коктелите Крвава Мери и Крвав Цезар и микс за коктелите Кламато. Во ОК, сокот од домати најчесто се комбинира со сос од Вустершир. Во Германија, сокот од домати е основна состојка во мешаниот шот Мексиканер.

Изладениот сок од домати порано бил популарен како мезе во рестораните во САД.

Доматниот сок често се користи и како течност за пакување за конзервирани домати, иако понекогаш се заменува со доматно пире за меѓународна трговија поради тарифните проблеми за зеленчук наспроти сосови. Според списанието Cook's llustrated, доматите спакувани во сок, за разлика од пирето, имаат тенденција да победат во тестовите за вкус, бидејќи се сметаат за посвеж вкус.

Доматниот сок се користи за подготовка на агар со сок од домати, кој се користи за одгледување на различни видови лактобацили.

Доматниот сок е популарен пијалак меѓу патниците во авион. Едно мало проучување на Јан и Дандо навестува дека ова се должи на зголеменото воспримање за вкусот на умами додека се под притисок на кабинската средина. Алтернативно објаснување е дека станало и традиција слична на јадењето пуканки во кино.

Поврзано

Исцедување Список на сокови

Наводи

Слушајте ја оваа статија ( 4 минути ) Оваа аудио датотека е создадена од ревизија на овој напис од 17 април 2024 година ( 2024-04-17 ) и не ги одразува последователните уредувања. ( Аудио помош · Повеќе говорни статии )

Категорија:Говорни статии Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Производи од домати