Буки ― алатка за транскрипција на македонски говор. Оваа бесплатно достапна алатка беше создадена по иницијатива на Никола Стиков, професор на Политехничкиот универзитет во Монтреал, Канада, и со поддршка од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Главен архитект на „Буки“ е Дејан Порјазовски, кој е истражувач на универзитетот „Аалто“ во Финска.

Првата верзија на „Буки“ препознава и транскрибира говор на македонски литературен јазик, а се работи и на втора верзија која ќе препознава македонски дијалекти. Оваа алатка беше тренирана на снимки од Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Втората верзија ќе вклучува и говор од широка група луѓе што се собира преку алатката Mozilla Common Voice. Тестирањето на „Буки“ покажува дека оваа алатка подобро го препознава и транскрибира македонскиот говор во споредба со останатите достапни алатки.

Името на алатката е инспирирано од втората буква во старословенската азбука: буки.

Наводи

Категорија:Македонски јазик Категорија:Софтверски алатки Категорија:Софтвер