Ширли Вероника Беси (англ. Shirley Veronica Bassey; ; родена на 8 јануари 1937 година) ― велшка пејачка. Позната е по тоа што ги испеала тематските песни на три филма со Џејмс Бонд: Голдфингер (1964), Дијамантите се вечни (1971) и Moonraker (1979); таа е единствен изведувач кој извел повеќе од една тематска песна од филм за Бонд. Беси била меѓу најпопуларните пејачки во Британија.
Во 2011 година, Би-би-си го емитувала телевизискиот филм Ширли, заснован на животот и кариерата на Беси. Беси била добитник на првата награда за најдобра британска соло-пејачка на првото доделување на Британските музички награди во 1977 година. Британската кралица Елизабета II во 1999 година ја назначила за дама за заслугите на Беси во изведувачките уметности. Нејзината песна „Goldfinger“ била примена во Гремиевата куќа на славата во 2008 година. Беси влијаела на многу други пејачи, вклучувајќи ја и Арета Френклин.
Во седумдецениската кариера, Беси продала преку 140 милиони плочи во светски рамки со што се вбројува меѓу соло-пејачките со најголема продажба на сите времиња. Таа е прва пејачка во историјата чиј албум се пласирал во топ-40 на британската топ-листа за албуми во седум последователни децении.
Живот и кариера
Детство и образование Ширли Вероника Баси била родена на 8 јануари 1937 година во Кардиф. Нејзиниот татко бил Нигериец, а мајка ѝ била Англичанка по потекло од Северен Јоркшир. Беси детството го поминала во Кардиф, каде што почнала да покажува интерес за музика и пеење. На 14-годишна возраст го прекинала школувањето за да почне да работи како пакувачка во фабрика, но навечер и за време на викендите пеела во месни клубови.Williams, Miss Shirley Bassey, 44, 53, 60.
Почетоци на професионалната кариера Од 1953 година, Беси настапувала како дел од патувачка театарска група која го изведувала мјузиклот Во сеќавање на Џолсон, заснован на биографијата на пејачот Ал Џолсон. Во 1954 година, додека престојувала во Лондон, Баси ја родила нејзината ќерка Шерон.
За време на еден настап во Џерси, Беси се запознала со нејзиниот прв менаџер, Мајк Саливан, кој ја убедил да ја продолжи нејзината пејачка кариера. Во 1955 година, Беси била на турнеја со различни театри и на крај добила покана за претставата од Ал Рид под наслов Таков е животот. Во претставата ја изведувала песната „Burn My Candle“, а продуцентот од Philips Records, Џони Франц, бил импресиониран и ѝ понудил договор за снимање. Првиот сингл на Беси, „Burn My Candle“, бил објавен во февруари 1956 година. Следеле уште неколку синглови, а во февруари 1957 година, Беси го имала нејзиниот прв хит со преработката на јамајканската народна песна „The Banana Boat Song“.
Кон средината на 1958 година, Беси снимила два сингла кои ќе станат класици во нејзиниот репертоар. „As I Love You“ била објавена како Б-страна на друга балада, „Hands Across the Sea“. По 4 години поминати со Decca Records, на 20 април 1959 година Беси потпишала со издавачката куќа EMI Columbia. Нејзиниот прв албум со Колумбија, The Fabulous Shirley Bassey, бил издаден во 1959 година.
Врв на популарноста и тематски песни за Џејмс Бонд На почетокот од 1960-тите Беси снимила неколку песни кои станале хитови на британските топ-листи. Таа почнала да стекнува популарност на американскиот пазар и во август 1961 година потпишала договор со United Artists Records.
Во 1964 година Беси ја извела песната „Goldfinger", насловна песна на филмот со Џејмс Бонд, Голдфингер. Оваа песна во 1965 година станала нејзин прв и последен топ-40 хит на Billboard Hot 100 каде стигнала до 8-мо место. Тематската песна „Goldfinger“ имала трајно влијание врз нејзината кариера. Питер Клејтон забележал дека: „Прифаќањето на Беси во Америка беше значително помогнато од огромната популарност на („Голдфингер“)“
Нејзиниот албум во живо од 1965 година, Shirley Bassey at the Pigalle, снимен за време на распродадената турнеја во Pigalle во Лондон, се искачил на 15-то место на топ-листата на албуми во Велика Британија. Исто така во 1965 година, таа ја испеала насловната песна за пародијата на Џејмс Бонд, Ликвидатор. Беси снимила песна за следниот филм за Бонд, Операција Гром (1965). Песната „Mr Kiss Kiss Bang Bang“ не била користена во филмот. Била препеана од американската пејачка Дион Ворвик, а потоа била одбиена во корист на новата песна „Thunderball“, во изведба од велшкиот пејач Том Џонс откако продуцентите на филмот одлучиле дека воведната песна мора да го содржи насловот на филмот. десно|мини| Беси настапува во Западна Германија во 1973 година По петгодишен застој во кариерата, Беси имала камбек во Обединетото Кралство во 1970 година, по кој следел најуспешниот период во нејзината кариера. Во Велика Британија го соборила рекордот за настапи во низа во ноќниот клуб Talk of the Town. Истата година го издала албумот Something кој го истакнал новиот стил на Беси, промена од традиционална поп-музика кон посовремени песни и аранжмани (истоимениот сингл бил поуспешен на топ-листите во Велика Британија од оригиналната верзија на Битлси).
Во 1971 година снимила уште една тематска песна за филм со Џејмс Бонд, Дијамантите се вечни (1971).
Беси снимила серија успешни албуми со издавачката куќа United Artists: Something Else (1971); And I Love You So (1972); I Capricorn (1972); Never Never Never (1973); Good, Bad but Beautiful (1975); Love, Life and Feelings (1976); You Take My Heart Away (1977) and Yesterdays (1978). Исто така објавила и две компилации: The Shirley Bassey Singles Album (1975) и 25th Anniversary Album (1978).
Во 1979 година, Беси ја снимила насловната песна за филмот со Бонд, Moonraker.
Подоцнежна кариера Во 1980-тите, Беси се насочила на добротворни концерти и имала повремени концертни турнеи низ Европа, Австралија и САД. Беси снимила албум насловен All by Myself (1982) и снимила дует со францускиот глумец Ален Делон, „Thought I'd Ring You“ (1983). Беси многу поретко снимала нов материјал, но со Лондонскиот симфониски оркестар (LSO) снимила албум со нејзини најпознати песни, I Am What I Am (1984). Снимила албум со тематски песни од филмовите за Џејмс Бонд, The Bond Collection во 1987 година, но не била задоволна од резултатот, па одлучила да не го објавува. (Албумот бил објавен пет години, а по судската тужба од Беси сите непродадени примероци биле повлечени.)
ЕМИ во 1994 година го издала комплетот со пет ЦД-а Bassey – The EMI/UA Years 1959–1979. Беси соработувала со Крис Реа во филмот La Passione (1996), во кој се појавила како себе си и за кој го објавувила синглот „Disco La Passione“. Ремиксот на овој сингл се пласирал меѓу најдобрите топ-40 во Велика Британија. Беси го прославила нејзиниот 60-ти роденден во 1997 година со два концерти на отворено, во замокот Хауард и паркот Алторп, и уште еден ТВ специјал. Од овие настапи снимила албум во живо под наслов The Birthday Concert кој бил номиниран за Греми награда за најдобра традиционална поп вокална изведба.
На 31 декември 1999 година, британската кралица Елизабета Втора на Баси ѝ ја доделила титулата „Командант на Дама“ и ѝ го доделила Орденот на Британската империја како признание за заслугите на пејачката кон кралското семејство. десно|мини| Беси на Вембли Арена во 2006 година Бејси продолжила со настапи на разни настани. Во 2001 година, таа била најистакнат музичар на прославата на 80-тиот роденден на војводата од Единбург. На 3 јуни 2002 година, била меѓу музичарите, вклучувајќи ги: Елтон Џон, Пол Макартни и Том Џонс кои настапиле на 50-тата јубилејна забава на кралицата во Бакингемската палата.
Во 2003 година, Бејси прославила 50 години професионална кариера со издавањето на албум под наслов Thank You for the Years. На хуманитарната аукција во Кристи, каде што биле изложени сценските костими од пејачката, биле собрани 250 илјади фунти, кои отишле за стипендијата на Ширли Бејси на Кралскиот колеџ за музика и драма во Велс, како и за Фондацијата за детска болница „Ноева арка“. лево|мини| Од лево кон десно: Стинг, Деби Хари, Лејди Гага, Елтон Џон, Беси и Брус Спрингстин во Карнеги Хол во 2010 година Биографија за Беси, Diamond Diva, била објавена во 2008 година. Истата година, нејзината песна „Goldfinger“ била примена во Гремиевата куќа на славата.
Би-би-си емитувал 70-минутна драма под наслов Ширли на 29 септември 2011 година, прикажувајќи го детството и кариерата на Беси. Рут Нега ја глумела Беси во филмот. Беси настапила на доделувањето на Оскарите во 2013 година за да ја одбележи 50-годишнината од филмската франшиза за Џејмс Бонд. Ова било нејзино прво појавување на церемонијата на доделување на Оскарите како изведувач.
Во 2020 година, со објавувањето на нејзиниот најнов албум, I Owe It All To You, Беси станала прва пејачка чиј албум се пласирал во топ-40 на топ-листата за албуми во Велика Британија во седум последователни децении. десно|мини|291x291пкс| Беси во Звукот на 007 во октомври 2022 година На 4 октомври 2022 година, Бејси настапила на концертот Звукот на 007: Во живо од Ројал Алберт Хол, со кој се одбележала 60-годишнината од филмовите за Џејмс Бонд. Таа ги испеала двете воведни песни, „Diamonds are forever“ и „Goldfinger“. Во 2023 година, Ширли била наградена со Орден од Свети Шарл од принцот Алберт II од Монако.
Наводи
Надворешни врски
Ширли Беси - официјална страница на Фејсбук Дискографија на Ширли Беси во Discogs
Shirleybassey.nl – обемна дискографија на ЦД со листи на песни Биографија на Ширли Баси на Би-би-си Велс
Категорија:Носители на Орденот на Почесните придружници Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Дами-заповеднички на Редот на Британската Империја Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Велшки пејачки Категорија:Пејачи од Кардиф Категорија:Британски поп-пејачки