Глобална награда за наставници — годишна награда од 1 милион американски долари од Фондацијата Варки за наставник кој има направено извонреден придонес во професијата."Applications open for world’s first one million dollar teacher prize" (press release). EducationandSkillsForum.org. March 2014. Номинациите на наставници кои исполнуваат специфични критериуми се отворени за светската јавност, а наставниците од целиот свет можат да се номинираат и самите себе. Селекцијата ја врши Глобалната академија за награда за наставници, составена од наставници, експерти за образование, коментатори, новинари, јавни службеници, технолошки претприемачи, директори на компании и научници од целиот свет.Strauss, Valerie. "Can a $1 million global teacher competition (backed by Bill Clinton) boost the profession?". Washington Post. 30 August 2014.
Годишната награда била лансирана на вториот годишен Глобален форум за образование и вештини во март 2014 година и добиле над 5.000 номинации од 127 земји.
Глобалната награда за наставници, која новинарите ја нарекуваат Нобелова награда за настава, ја истакнува и слави професијата притоа давајќи поголемо признание за работата на наставниците ширум светот. Шефот на Фондацијата Варки тврди дека, „Сакаме да ги промовираме наставниците како ѕвезди и да го поддржиме квалитетот на образованието за да се истакне огромното влијание на наставниците врз нашите животи“. „Наставата треба да биде најважната професија во светот и треба да им се даде должна почит“.
Од 2018 година, Португалија ја вовела „Глобалната награда за наставници Португалија“, што е годишна награда од 30.000 евра и од Фондацијата Варки, спонзорирана од Кафе Делта, во партнерство со Фондацијата Галп, Фудбалската федерација на Португалија и ревидирана од PWC.
Историја Првата годишна Глобална награда за наставници била доделена во март 2015 година на Ненси Атвел, иновативна и пионерска професорка по англиски јазик и обучувач на наставници во руралниот Мејн во Соединетите Американски Држави, која основала и води училиште каде учениците читаат во просек по 40 книги годишно, бираат кои книги ги читаат и пишуваат со успех. Атвел е автор на девет книги за настава, вклучително и една која е продадена во повеќе од половина милион примероци.Associated Press. "Maine Teacher Wins $1 Million Global Teacher Prize in Dubai". New York Times. 15 March 2015. Таа ја донирала наградата која ја добила во вредност од 1 милион американски долари за одржување, развој и стипендии на нејзиното училиште, непрофитниот Центар за настава и учење, кој исто така е модел училиште за развивање и ширење на наставни методи."10 Incredible Facts about Prize Winner Nancie Atwell" . VarkeyFoundation.org. 19 March 2015.
Наградени {| class="wikitable sortable" style="text-align: center;" |- bgcolor="#efefef" |- ! Година !! Слика !! Име !! Земја !! Занимање |- | 2015 || ||Ненси Атвел|| || Наставник по англиски јазик и тренер на наставници. |- | 2016 || ||Ханан Ал Хруб|| ||Палестинска учителка. |- | 2017 || || Меги Мекдонел || ||Инуитска учителка. |- | 2018 || || Андрија Зафираку|| ||Наставничка по уметност и текстил. |- | 2019 || ||Питер Табичи|| || Наставник по природни науки.
| 2020 ||||Ранџицин Дисале|| ||Индиски учител. |- |2021 |||| Кеиша Торп || || Професорка по англиски јазик.
Наводи
Категорија:Глобална награда за наставници Категорија:Меѓународни награди