Миле Данило Миќуновиќ
Д-р Миле Д. Миќуновиќ (роден на 12 октомври 1951 година во Кичево) – еден од познатите македонски уролози и сексолози. Пензионер.
Професионална биографија Основно и средно образозвание завршува во Охрид, а на 10.07.1978 година дипломирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје на Медицинскиот факултет. 01.12.1978 г се вработил во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Од 1980 до 1985 специјализирал на клиника за урологија на Медицинскиот факултет во Скопје. 27.09.1985 - го положил специјалистичкиот испит по урологија на Универзитетот „Кирлил и Методиј“ во Скопје на Медицински факултет. 07.05.1992 - на Универзитетот во Белград на Медицинскиот факултет ја одбранил докторската дисертација под наслов „Могућности побољшања лечења неурогене дисфункције доњег уринарног тракта код спиналних повреда“ и се стекнал со научен степен „доктор на медицински науки“. 03.10.1992 - избран за редовен член на Македонското научно друштво во Битола. 16.10.1995 - Министерството за здравство му доделува звање „Примариус“. 25.12.2002 - Министерство за образование и наука го ангажира како експерт – рецензент на предлог – проекти, годишни извештаи на научноистражувачки проекти, други научни трудови кои се од областа на научноистражувачката дејност. 04.05.2006 - на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на Педагошкиот факултет бил избран во наставно – научно звање „Доцент“ по предметот „Полово образование“. Декември 2006 и февруари 2007 бил на обука во рамките на Проектот за управување со здравствениот сектор и станал испитувач за полагање на државен испит за лиценцирање на лекари, стоматолози и фармацевти на Република Македонија. 19.11.2007 - на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на Високата медицинска школа бил избран во наставно – научно звање „Професор на висока стручна школа“ по предметот „Хрирургија со нега“. 19.09.2008 - на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на Педагошкиот факултет бил избран во наставно – научно звање „Вонреден професор“ по предметот „Полово образование“. 15.03.2012 Министерство за правда му доделува Лиценца за вештачење 16.08.2013 на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на Педагошкиот факултет бил избран во наставно – научно звање „Вонреден професор“ по предметот „Полово образование“. 03.03.2018 - бил избран за Академик во областа на медицинските науки, редовен член на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург.European Academy of Sciences and Arts - пребарувај: Mikjunovikj Mile Danilo 12.10.2018 - бил пензиониран од каде и работел во Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. 07.05.2019 - бил избран за Академик во Молдависката академија. 18.06.2022 - бил избран за Почесен академик на Меѓународната академија „Михај Еминеску“ во Крајова во Романија. 01.12.2022 - бил избран за „Амбасадор на културата“ од Интернационалната Академија „Михај Еминесју“ од Романија. 23.08.2023 - бил избран за Академик на Монголската академија за култура 24.08.2023 - бил избран за „Почесен академик“ на Меѓународната академија Léopold Sédar Senghor во Милано.
Членство во стручни и научни здруженија 1992 година - член во Македонското научно друштво – Битола 1996 година - член во Европското здружение на уролозите 1997 година - член во Светското здружение на уролозите 2019 година - почесен член на библиотеката „Григор Прличев“, Охрид
Македонското лекарско друштво и во Македонската уролошка секција; бил претседател на лекарите на Охрид; член на Општинскиот одбор, односно на Собранието на лекарската комора на Македонија; член на етичкиот комитет за правата на пациентите при Лекарската комора на Македонија. Учествувал скоро на сите републички конгреси, како и на европските и на светските конгреси со свои трудови.
Награди и признанија 07.04.1989 - „Диплома“ од Сојузот на здруженијата на лекарите на СР Македонија. 12.06.1989 - „Плакета“ од Институтот за ортопедија и трауматологија во Рига, Литванија. 07.04.1993 - „Плакета“ од Сојузот на лекарите на СР Македонија. 16.10.1993 - „Признание“ од Сојузот на здруженија телесно инвалидизирани лица на Македонија. 08.12.1997 - „Повелба“ на Општина Охрид. 23.11.2001 - „Плакета“ од Друштвото за наука и уметност – Битола. 08.12.2004 - „Повелба“ на Општина Охрид. 08.10.2005 - „Плакета“ на СБМ. 16.11.2007 - „Плакета“ од Друштвото за наука и уметност Битола. 10.04.2009 - „Благодарница“ од Здружението на лекарите – Охрид. 20.11.2007 - „Плакета“ од Друштвото за наука и уметност – Битола. 09.04.2011 - „Плакета“ од Здружението на лекарите – Охрид. 31.10.2015 - „Суверен принц од крстот на Розата, Витез на Орелот“. 12.10.2019 - „Благодарница“ и почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. 19.06.2022 - „Награда за медицински науки“ од Меѓународната академија „Михај Еминеску“ од Романија. 19.06.2022 - „Медал“ од Меѓународната академија „Михај Еминеску“ од Романија.
Публицистичка дејност Објавил 125 книги (со 32 021 страници во тираж од 51 030 егземплари) сите со ЦИП – Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје. Објавил 70 колумни во дневниот печат и 147 популарни статии на веб порталите doktori.mk и publicitet.mk.
Објавени книги со ЦИП – Каталогизација:
Можности за подобрување на неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт, „Коста Абраш“, Охрид, 1991, 1–142, (500 егземплари). Уролошки проблеми, „Радио Охрид“, Охрид, 1993, 1–222, (350 егземплари). Импотенција, „Радио Охрид“, Охрид, 1995, 1–212, (930 егземплари). Безбедност на вода, давеник, „Друштво за наука и уметност – Битола“, Битола, 1996, 1–218, (1000 егземплари). Сексуалност, еротизам и моќ, „Друштво за наука и уметност – Битола“, Битола, 1998, 1–396, (1000 егземплари). Хируршка техника на кожа, „Македонска цивилизација“, Скопје, 1999, 1–400, (500 егземплари). Дилеми, „Македонска цивилизација“, Скопје, 1999, 1–334, (500 егземплари). Уринарна рехабилитација, „Коста Абраш“, Охрид, 2000, 1–448, (500 егземплари). Сексуална моќ, „Коста Абраш“, Охрид, 2000, 1–106, (1000 егземплари). Да се чудиш, „Коста Абраш“, Охрид, 2000, 1–702, (500 егземплари). Научни размислувања, „Графотехна“, Кичево, 2001, 1–144, (1000 егземплари). Мила моја, „Микена“, Битола, 2001, 1–96, (300 егземплари). ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид, „ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија ,Св. Еразмо‘ – Охрид“, Охрид, 2001, 1–166, (500 егземплари). Урологија за пациенти, „Микена“, Битола, 2001, 1–204, (500 егземплари). Љубена, „Микена“, Битола, 2001, 1–100, (300 егземплари). Инконтиненција, подмочнување, „Друштво за наука и уметност – Битола“, Битола, 2002, 1–104, (500 егземплари). Завод за превенција и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, „Завод за превенција и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид“, Охрид, 2002, 1–156, (500 егземплари). Камен во бубрег, „Градска библиотека ,Григор Прличев‘ – Охрид“, Охрид, 2002, 1–94, (500 егземплари). Простата, „Градска библиотека ,Григор Прличев‘ – Охрид“, Охрид, 2002, 1–120, (500 егземплари). Прегрни ме, „Градска библиотека ,Григор Прличев‘ – Охрид“, Охрид, 2002, 1–128, (500 егземплари). Болничка црква „Св. Еразмо“, „Болница ,Св. Еразмо‘ – Охрид“, Охрид, 2002, 1–80, (500 егземплари). Единствена, „Коста Абраш“, Охрид, 2003, 1–224, (500 егземплари). Живеј сега, „Коста Абраш“, Охрид, 2003, 1–224, (500 егземплари). Неспуштени тестиси, Крипторхизам, „Коста Абраш“, Охрид, 2003, 1–106, (500 егземплари). Вечна љубов, „Коста Абраш“, Охрид, 2003, 1–204, (300 егземплари). Полово преносливи болести, „Универзитет ,Св. Кирил и Методиј‘ – Скопје“, Скопје, 2004, 1–310, (500 егземплари). Спомен – обележја во Охрид и Охридско, „Сојуз на борци од НОАВМ ОО – Охрид“, Охрид, 2004, 1–272, (500 егземплари). Љубов за сите времиња, „Идеја комерц“, Охрид, 2004, 1–202, (500 егземплари). Вљубен, „Идеја комерц“, Охрид, 2005, 1–198, (300 егземплари). Научно – етички двоумења, „Ирис“, Струга, 2005, 1–184, (300 егземплари). Сојуз на борци – Охрид, „Ирис“, Струга, 2005, 1–120, (300 егземплари). Засекогаш твој, „Ирис“, Струга, 2005, 1–202, (300 егземплари). Согледби и пораки, „Ирис“, Струга, 2006, 1–222, (300 егземплари). За половоста – Сексологија, „Ирис“, Струга, 2006, 1–208, (300 егземплари). Обележан со твоите усни, „Ирис“, Струга, 2006, 1–194, (300 егземплари). „Бисери“1 – Полово образование, „Ирис“, Струга, 2006, 1–88, (300 егземплари). Полово образование, „Универзитет ,Св. Климент Охридски‘ – Битола“, Битола, 2007, 1–332, (300 егземплари). Љубовта е моќ, „Ирис“, Струга, 2007, 1–206, (300 егземплари). Бакнеж со вино, „Ирис“, Струга, 2007, 1–220, (300 егземплари). Љубов и атентат на општеството, „Ирис“, Струга, 2007, 1–82, (300 егземплари). „Бисери“2 – Полово образование, „Ирис“, Струга, 2007, 1–154, (300 егземплари). Секс занимливости, „Ирис“, Струга, 2007, 1–170 (300 егземплари). Хирургија со нега, „Универзитет ,Св. Климент Охридски‘ – Битола“, Битола, 2008, 1–564, (400 егземплари). „Бисери“1 – Хирургија со нега, „Ирис“, Струга, 2008, 1–134, (300 егземплари). Сексуална дисфункција кај мажите, „Идеја комерц“, Охрид, 2008, 1–142, (300 егземплари). „Бисери“3 – Полово образование, „Ирис“, Струга, 2008, 1–116, (300 егземплари). Љубовта е живот, „Ирис“, Струга, 2008, 1–224, (300 егземплари). Практична сексологија, „Југореклам“, Скопје, 2008, 1–300, (500 егземплари). Душата ми ја грееш, „Југореклам“, Скопје, 2009, 1–130, (500 егземплари). Црногорска крв во Охрид, „Југореклам“, Скопје, 2009, 1–298, (300 егземплари). Во очи те носам, „Југореклам“, Скопје, 2009, 1–120, (300 егземплари). Црногорска крв во Охрид (второ дополнето издание), „Југореклам“, Скопје, 2010, 1–390, (300 егземплари). Секс прирачник, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2010, 1–84, (400 егземплари). Црногорска независност во Охрид, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2010, 1–70, (500 егземплари). Сексуалниот живот на жената во Македонија, Педагошки факултет, „Универзитет ,Св. Климент Охридски‘ – Битола“, Битола, 2010, 1–120, (400 егземплари). Љубовта ме радува, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2010, 1–116, (300 егземплари). Гласот на срцето, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–102, (500 егземплари). Педагошка сексологија, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–132, (500 егземплари). Медицинска сексологија, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–166, (500 егземплари). Дуклјанскиот светец Јован Владимир и неговите свети мошти, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–152, (1000 егземплари). За мене родена, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–106, (500 егземплари). Основи на хирургијата, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–442, (500 егземплари). Дуклјанскиот светец Јован Владимир и неговите свети мошти (2. дополнето и изменето издание), „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–152, (300 егземплари). Илјада афоризми, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2011, 1–260, (500 егземплари). Слободноѕидарски или религиозни симболи, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2012, 1–288, (500 егземплари). Свети Јован Владимир, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2012, 1–238, (500 егземплари). Шеги со доктори, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2012, 1–150, (300 егземплари). Инструментарка во операциона сала, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2012, 1–278, (100 егземплари). Душата ми мириса на тебе, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2012, 1–230, (300 егземплари). Животен стил, „Македонско научно друштво – Битола“, Битола, 2013, 1–320, (300 егземплари). Сознај се себеси преку древни мисли, Македонско научно друштво – Битола, Битола, 2013, 1–260, (300 егземплари). Во душата ми пишува, Македонско научно друштво – Битола, Битола, 2013, 1–162, (300 егземплари).