Ваијана 2 () — американски музички авантуристички филм произведен од Walt Disney Animation Studios за Walt Disney Pictures. Ова е продолжение на „Ваијана — Потрага по митскиот остров“ и 63-от анимиран филм, режиран од Дејвид Дерик Помладиот, Џејсон Хенд и Дана Леду Милер. Во него играат Аули Краваљо, Двејн Џонсон, Темуера Морисон, Никол Шерзингер, Рејчел Хаус и Алан Тјудик, кои ги повторуваат нивните улоги од првиот филм, а му се придружуваат и Калиси Ламберт-Цуда, Роуз Матафео, Дејвид Фејн, Хуалалаи Чунг, Авхимај Фрејзер и Џералд Рамзи.
Премиерата на филмот во САД била на 27 ноември 2024 г., а во Македонија на 28 ноември истата година.
Содржина Еден судбоносен ден, Ваијана добива претстава за нејзиниот предок, Таутај Васа, кој открива дека богот на бурата по име Нало се обидува да господари со сите смртници, предизвикувајќи луѓето да се оддалечат од океанот. Нало го потонал волшебниот остров Мотуфету во длабочините на океанот. Таутај ја предупредува Ваијана дека нејзиниот остров ќе биде опустошен доколку не најде начин да го врати Мотуфету. Решена, Ваијана се здружува со Лото, Мони, Келе, нејзиното прасе Пуа и нејзиниот петел Хејхеј, тргнувајќи на патешествие за да го пронајдат изгубениот остров.
Озвучување ГлумецУлогаАули КраваљоВаијанаДвејн ЏонсонМауиХуалалаи ЧунгМониРоуз МатафеоЛотоДејвид ФејнКелеАвхимај ФрејзерМатангиКалиси Ламберт-ЦудаСимеаТемуера МорисонТуиНикол ШерзингерСинаРејчел ХаусТалаЏералд РамзиТаутај ВасаАлан Тјудикпетелот Хејхеј Тофига Фепулеј го озвучува богот Нало во средината на натписите.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Disney Категорија:Американски 3D-филмови