Основно училиште „Хасан Тахсини“ (официјално: Основно општинско училиште „Хасан Тахсини“ - Рогле; скратено: ООУ „Хасан Тахсини“) — централно основно училиште во тетовското село Рогле, Општина Желино.
Училиштето е именувано по истакнатиот албанско-американски писател и политичар, Хасан Тахсини.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Хасан Тахсини“ - Луковица, подрачно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Хасан Тахсини“ - Мерово, подрачно училиште на албански наставен јазик; ПУ „Хасан Тахсини“ - Ново Село, подрачно училиште на албански наставен јазик; и ПУ „Хасан Тахсини“ - Седларево, подрачно училиште на албански наставен јазик.
Училиштето во Луковица е во мирување поради недоволен број на ученици.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Желино Рогле Категорија:Рогле Категорија:Основни училишта во Македонија