Артемушкин и Скопје (целосно наслов: Артемушкин и Скопје: архитектонско творештво меѓу двете светски војни) — книга посветена за плодната работа на рускиот архитект Иван Артемушкин во Скопје меѓу двете светски војни, односно во времето на постоењето на Кралството Југославија, периодот меѓу 1920 и 1940 година.

Книгата била промовирана на 23 ноември 2024 година како дел од прославата на архитектонскиот портал МАРХ, кој одбележал 10 години постоење.

Содржина

Самата книга е поделена на два главни дела и анекс: историски контекст каде е анализирана архивската документација и првобитната состојба на градбите, како и урбанистичкиот контекст на Скопје до времето на земјотресот; современ контекст каде се прикажани истражувања на постоечките градби, документација за нивната моментална состојба (2024 г.) и современиот контекст на Скопје; и анекс каде има преглед на информациите за самото истражување.

Во книгата е даден само одбран дел од списокот на објекти кои рускиот архитект Иван Артемушкин ги изработил во Скопје, меѓу кои и неколку од познатите палати, како што се: Станбена зграда на д-р Рубен (1927); Станбена зграда на браќа Читкушеви (1931); Објект Браќа Бојаџијевиќ (1931); Објект Бојаџиј Ан Хавсеп (1931); Објект Зеќирија Шохрет (1935); и Станбен објект на Агат Дикаџијан, позната како Арапска куќа (1937).

Наводи

Надворешни врски Информации за Артемушкин на МАРХ

Категорија:Книги од 2024 година Категорија:Книги на македонски јазик Категорија:Книги на англиски јазик Категорија:Иван Артемушкин Категорија:Книги за архитектура Категорија:Книги за Скопје