Живи мртовци: Дерил Диксон () — американска постапокалиптична ТВ-серија создадена од Дејвид Забел, заснована на ликот Дерил Диксон од „Живи мртовци“. Тоа е петти спиноф и шеста серија од франшизата „Живи мртовци“, која ја дели истата приказна како и другите серии. Според претседателот на AMC, Ден Макдермот, серијата го следи Дерил додека се буди во Франција, обидувајќи се да разбере како стигнал таму и како да се врати дома. Првата сезона требало да го прикажува ликот Керол Пелетје во серијата под насловот Живи мртовци: Дерил и Керол, но Керол била тргната од сезоната поради логистички проблеми поврзани со глумицата Мелиса Мекбрајд.

Првата сезона била премиерно прикажана на 10 септември 2023 г. и се состои од шест епизоди. Во јули 2023 г., серијата била обновена за втора сезона. Со наслов Живи мртовци: Дерил Диксон — Книгата на Керол, втората сезона ја прикажува Мекбрајд како редовна глумица во глумечкиот состав, враќајќи се на изворната замисла на серијата. Втората сезона била премиерно прикажана на 29 септември 2024 г. Во јули 2024 г., серијата била обновена за трета сезона.

Содржина Дерил Диксон се исфрла на брегот во Јужна Франција и се обидува да открие како се нашол таму и зошто. Надевајќи се дека ќе се врати дома, тој патува низ скршена и опустошена, но отпорна Франција (од каде што потекнува вирусот на зомбија). Меѓутоа, како што тргнува на своето следно патување, каде што се надева дека ќе најде излез од својата ситуација и пат назад кон Америка, тој се наоѓа себеси врзан со сѐ повеќе и повеќе обврски што го усложнуваат неговиот конечен план.

Ликови

Главни улоги

Норман Ридус — Дерил Диксон Клеманс Поези — Изабел Кариер (сезони 1–2) Луис Пуеч Шиљуци — Лоран Кариер (сезони 1–2) Лајка Блан-Франкар — Силви (сезони 1–2) Адам Нагајтис — Квин (сезона 1) Мелиса Мекбрајд — Керол Пелетје (од сезона 2; во сезона 1 гостинка) Ан Шарје — Марион Жене (сезони 1–2) Ромен Леви — Стефан Кодрон Џоел де Лафуенте — Лозанг (сезона 2; гостинска улога — сезона 1)

Второстепени улоги

Франсоа Делев — доктор Лафлер (сезони 1–2) Маниш Дајал — Еш Пател (сезона 2) Ерик Ебуане — Фалу Букар (сезони 1–2) Тристан Занки — Емил Тибу (сезони 1–2) Насима Беншику — Џасинта (сезона 2)

Гостински улоги

Катрин Ардити — сестра Вероник (сезона 1) Фостин Козиел — Лили Кариер (сезона 1) Ким Ижелен — Лу (сезона 1) Доминик Пинон — Антоан (сезона 1) Палома — Коко (сезони 1–2)

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски телевизиски серии