Сораксан или планината Сорак - највисоката планина во планинскиот венец Тебеек во провинцијата Гангвон во источна Јужна Кореја . Се наоѓа во националниот парк Сораксан, во близина на градот Сокчо. По вулканот Халасан на островот Чеџу и Јирисан на југ, Сораксан е третата највисока планина во Јужна Кореја. Врвот Дечонгбонг на Сораксан е висок 1.708 метри. Планината се смета како столб на Јужна Кореја.

десно|мини|220x220пкс| Локација на Сораксан.

Географија Сораксан е поделен на Несорак (Внатрешен Сорак), Оасорак (Надворешен Сеорак) и Намсорак (Јужен Сорак).

Насорак (Внатрешен Сорак) Областа што припаѓа на Инџе-гун на северозапад. Врвот Дечеонг - бонг или Дечеонг се нарекува Несолак.

Несорак има голем број на разновидни карактеристики, меѓу кои спаѓаат долината Бекдам, долината Гаја-донг, долината Гугокдам, 12 Сонјонданг, водопадите Десеунг и Џонга-јангсонг (Тврдина на змејовите заби). Со додатокот на долината Чонбул-донг, станува лесно пристапна карпата Улсан, тврдината Гвонгумсонг, пештерата Гумганг, водопадите Бирџонг и водопадите Тосонг.

Оезорак (надворешен Сорак) Оезорак е област која припаѓа на градот Сокчо наоѓајки се од источната страна. Се одликува со полесни патеки за пешачење и е една од најпристапните области во паркот.

Во Оесорак се наоѓа водопадот Товангсонг, највисокиот водопад во Јужна Кореја.

Планинска географија, флора и фауна Планината е прогласена за дел од книнизата на природни споменици како како Природен Споеник бр.171 во 1965 година, а како национален парк (национален парк планината Сорак) на 24 март 1970 година. Во август 1982 година, УНЕСКО ја означи областа како биосферен резерват.

Во зависност од климата и карактеристиките, планината се одликува со голема варијација на екосистеми. Додека климата во внатрешноста е составена од благи падини и дебели слоеви почва, шумата е изобилна, а животинската зачестеност е изобилна. Планината е дом на ретки видови на растенија и животни кои можат да се сретнат во нејзината дивина.

Пешачки патеки

Надворешената област на Сорак Водопадот Јукдам и водопадот Бирџеонг можат да се пронајдат на јужната страна на долината на реката Сангчонг, на околу четириесет минути пешачење од главниот паркинг.

Улсанбави мини| Улсан-бави Улсанбави е карпеста формација лоцирана во националниот парк Сораксан. Нејзиниот облик е единственито со таква формација во таа област. За да се стигне до карпестите предели од планината потребно е да се следи планинската патека и да се искачат 800 скалила (потточно 888 кои се направени за да им се помогне на локалните жители). На патот до таму, има два храма и сферична карпа која се наоѓа на врвот на поголема карпа. Оваа карпа е околу 5 метри висока и може да се помести со одреден напор. Илјадници луѓе веќе се обиделе да го урнат Хундулбави, но нокој не може повеќе од мало мрднување на карпата.

Според легендата, Улсанбави потекнува од градот Улсан во југоисточниот дел на Јужна Кореја. Како што бил изграден Кумгангсан. Името поттекнува од митот на Улсанбави, ловек кој отишол кн север како претставник на градот. Но,за жал, бидејќи пристигнал многу касно, немало повеќе место за него. Поради ова тој се засрамил и полека се навратил кон југ. На пат наназад, тој легнал да се одмори на една карпа и си помислил дека е многу убава, па поради тоа одлучил таму да остане да живее.

На крајот од главната долина има карпеста платформа која се претвора во поток. Над потокот е тешко пристапна пештера, која нуди јасен поглед на околните карпести формации.

Малку подалеку од влезот е Долината на Илјадите Буди, основната долина на планината Сорак. Долината била наречена така затоа што карпестите формации што ги обложуваат нејзините страни личат на статуи на Буда.

Гребенот на диносаурусите Гребенот на диносаурусите во Сораксан се протега од Мадунгџеонг до Синсонам. Тоа е едно од културните богатства на Јужна Кореја, означено како 103-то богатство во 2013 година. Врвовите на гребенот личат на грб на диносаурус со шилести форми на задниот дел. Патот е напорен, започнувајќи од Хуивонгак, што пак значи дека самиот притап до грмбенот е напорен и опасен. Искачувањето на гребенот е проченето дека ќе биде завршено за околу 5 часа со помината далечина од 5,1 километри. Гребенот Диносаурус е наведен меѓу најтешките планински терени во Кореја. Со својата непристапна локација, стрмните падини и областите за кои е потребно претходно припремање, несреќите поради исцрпеност се многу зачестени, особено во за време на зимските месеци и за време на дождливото време. Еден инцидент во декември 1993 година остави мртви 2 студенти откако ноќе се изгубија патот и доживеаа хипотермија.

Галерија

Поврзано

Географија на Јужна Кореја

Наводи

Надворешни врски

Seoraksan National Park YouTube Seoraksan National Park Video Категорија:Биосферни резервати во Јужна Кореја Категорија:Планини во Јужна Кореја Категорија:Координати на Википодатоците