Тросковски манастир „Св. Архангел Михаил“ (понекогаш познат и како Брестовски манастир) — манастир кај селото Тросково, Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.
Местоположба Манастирот се наоѓа 1 километар северно од Брестово, на неколку километри југозападно од Тросково, над десната страна на Стара Река. Во непосредна близина се наоѓаат камените образби Коматница. Бидејќи во минатото с. Брестово се сметало за маало на Тросково, манастирот до ден денес го зачувал своето име.
Историја Според преданието, манастирот е основан во 1149 г., со што се смета за еден од најстарите во областа. Манастирот претрпел сериозни оштетувања за време на Крупничкиот земјотрес на 4 април 1904 година, при што е разрушен. Подоцна бил обновен во 1906 г.
Наводи
Категорија:Цркви во Симитли (општина) Категорија:Цркви во Неврокопската епархија Категорија:Манастири во Неврокопската епархија