Обара (чорба) е словенечко национално јадење. Тоа е чорба што се служи како независно јадење, која се готви од разни видови месо и внатрешни органи. Порано се служело на разни свечености, а е дел од традиционалната словенечка кујна. Посебно добри се обарите послужени со ајдови жганци. Денес обарите содржат повеќе зеленчук.

Еден вид на обара е чорбата со сонливци од Нотрањска во Словенија. Извештајот го направил Паоло Сантонино, канцелар на патријархот на Аквилеја во неговиот дневник за патувања (1485-1487). Тој известува дека застанал на ручек во домаќинство од Нотрањска, каде што сопругата на фармерот набрзина подготвила печен сонливец за гладниот архиепископ. Печениот сонливец се користел и за супи, рижото и гулаш. Ловот на сонливци не бил ценет само за месо, туку ги снабдувал ловците со големи количества од крзно од сонливци. Маст од сонливец била корисна и за медицински цели. Се користела за лекување на модринки или скршени екстремитети, вознемирен стомак и ревматизамTaste Slovenia. Bogataj Janez, 2007. Rokus Gifts. .

Наводи

Категорија:Словенечка кујна