Буњуело е пржено тесто, вид на крофни, што го има во Шпанија, Латинска Америка и други региони кои се историски поврзани со Шпанците, вклучително и Југозападна Европа, Балканот и Мала Азија, други делови на Азија и Северна Африка. Буњуело традиционално се подготвува на Божиќ. Обично содржи фил или прелив. Во мексиканската кујна, често се служи со сируп.
Овие крофни обично се состојат од едноставно тесто,квасец, често со вкус на анасон, кое тенко се витка, се сече или се обликува на поединечни парчиња, потоа се пржи, и се служи со сладок прелив. Буњуело може да биде полнет со различни нешта, слатки или солени. Може да биде со кружна форма или во форма на диск. Во Латинска Америка, буњуелите се сметаат за симбол на среќа.
Регионални адаптации мини| Домашни колумбиски буњуели мини| Каскарон, филипински вид направен со мелен леплив ориз мини| Филипински бунвелос со фил мини| Чоколадни крофни
Во Шпанија, буњуело е десерт или закуска посебно за време на празници. Во Каталонија, се подготвуваат за време на рпазници. Во Валенсија, најчесто се прават со фил од тиква. На Балеарските Острови, постојат различни буњуели за различни празници. Во Мадрид и Андалусија, се јадат за време на празнување на светците, при што жените ги подготвуваат дома и ги делат на соседите, посебно ова е обичај по селата. Во Колумбија се подготвуваат со сирење, и се служат за Божиќ. Во Куба се служат со карамела од анасон. Во Доминиканската Република, буњуелите се прават во форма на топка и се служат со сируп со вкус на цимет, и со кокосово млеко наместо вода. Во Никарагва се подготвуваат со сирење. На Филипините се наречени и бунвело, бунуело, биновило, имаат форма на топка, на палачинка, на цилиндер дури и личат на крофна. Се служат со пијалак од топло чоколадо. Во Порторико, се подготвуваат мали и округли, а постојат повеќе од 20 различни рецепти за буњуели во Порторико. Во Мексико буњуелите се продаваат на саеми, за време на карневалите и за божиќните празници. Во Перу се подготуваат во кружна форма или како прстени. Во Италија се служат со крем. Во Уругвај се подготвуваат благи со јаболка и банани, посишани со шеќер.. Сефардите во Турција ги подготвуваат и ги јадат за време на Пасха.
Поврзано
Тулумба Список на видови крофни Крофна
Наводи
Категорија:Божиќна кујна Категорија:Италијанска кујна Категорија:Шпанска кујна Категорија:Крофни