Дани Родрик (; р. Истанбул, 14 август 1957 г.) — турски економист и професор на Управниот факултет Џон Ф. Кенеди на Универзитетот Харвард, каде што е професор по Меѓународна политичка економија на Фондацијата Форд. Претходно, тој бил професор на Институтот за виши студии во Принстон. Истражувањето на Родрик се сосредоточува на меѓународната економија, економскиот развој и политичката економија, особено на тоа што ги прави економските политики ефективни и зошто некои влади успеваат повеќе од други. Неговите значајни книги се „Економски правила: Силните и слабите страни на мрачната наука“ (Economic Rules: The Rights and Wrongs of the Dismal Science) и „Парадоксот на глобализацијата: Демократијата и иднината на глобалната економија“ (The Globalization Paradox: Democracy and the Future of the World Economy). Тој е и соуредник на академското списание Global Policy.

Животопис Дани Родрик, роден на 14 август 1957 г., во Истанбул, Турција, добил бакалауреатски степен по уметност на Универзитетот Харвард во 1979 г., а потоа магистрирал по јавна администрација на Училиштето за јавни и меѓународни работи Вудро Вилсон на Принстонскиот универзитет во 1981 г. Докторирал по економија во Принстон во 1985 г. Родрик имал различни академски должности, вклучително помошник и вонреден професор на Управниот факултет Џон Ф. Кенеди на Универзитетот Харвард, професор по економија и меѓународни односи на Колумбискиот универзитет и професор Алберт О. Хиршман на Институтот за виши студии. Во мигов, тој е професор по Меѓународна политичка економија на Фондацијата Форд во Харвард.

Родрик е почесен член на Европската економска асоцијација, почесен член на Економската асоцијација на Латинска Америка и Карибите и новоизбран претседател на Меѓународната економска асоцијација. Тој е соработник на Националното биро за економски истражувања на САД и член на Центарот за истражување на економската политика, Лондон, Јужноафриканскиот претседателски економски советодавен совет, Американската асоцијација за унапредување на науката, Турската академија на науките и Папската академија за општествени науки, а има и бројни други должности и членства во организации.

Избрани дела

Наводи

Надворешни врски

Страница на Дани Родрик Најновото истражување на Дани Родрик Блог на Дани Родрик "Roads to Prosperity" Колумна на Дани Родрик за Project Syndicate

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Родени во 1957 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет