Афоризам (од грчки αφοριζειν, aforismos — дефинирање, одредување), буквално, определување или дефиниција — поим што се користи за да се опишат начелата изразени со неколку зборови или општи вистини изразени во кратка реченица, на таков начин што откако ќе се слушне, лесно се памти.
Битни одлики на афоризмите се: јадровитост, промисленост, духовитост и актуелност. Претставува еден од најкратките уметнички жанрови. Најчесто се поврзува со теми како политика, општество, етика и филозофија, но и со други области од човечкото творештво. Успешен афоризам е оној што содржи уметничка своеобразност. Афоризмот никогаш не ги остава читателите рамнодушни и секогаш ги поттикнува да размислуваат за пораката на творецот, која обично се наоѓа на крајот од изјавата, понекогаш дури и само во еден збор.
Изразувајќи се преку афоризам, афористот секој пат создава минијатурно, но изворно книжевно дело, сумирано на мал простор, честопати на неочекуван и малку парадоксален начин. Неговата „едноставност“ е само добро осмислена маска зад која се кријат бројни асоцијации.
Историја Поимот станал познат од збирката кратки медицински совети наречена „Афоризми“ од грчкиот лекар Хипократ („Афоризми на Хипократ“), зачувани благодарение на Александриската библиотека што може да се смета за вистинско книжевно ремек-дело. Иако бил познат во античко време, античкиот афоризам бил сосредоточен на прагматичната страна на животот и како жанр претставувал вистинска реткост и се одликувал со својот краток облик.
Афоризмот го задржал своето медицинско значење до крајот на XVI век, кога шпанскиот правник и политичар Балтазар Аламос де Бариентес и италијанскиот историчар Филипо Кавриано го користеле во смисла на јадровито напатствие (како совет или лек) за општествените болести, нарушувања и противречности, кои се споменуваат во делата на Тацит.
Чудноста на поимот и неговата првична употреба веројатно придонеле афоризмот да не биде прифатен со иста брзина и на ист начин во просветените европски кругови. Денешните афоризми се одликуваат со книжевни и филозофски вредности. За модерна лулка на афоризмот се смета Германија (XVI век) и Франција (XVII и XVIII век).
Афористи мини|150px|Блез Паскал
Теодор Адорно Жорж Батај Жан Бодријар Емброуз Бирс Џорџ Бокс Михаил Бакунин Брајан Ино Хорхе Луис Борхес Оскар Вајлд Виктор Иго Конфуциј Фридрих Ниче Џорџ Орвел Блез Паскал Марсел Пруст Душан Радовиќ Теодор Рузвелт Жан Пол Сартр Бенџамин Френклин Артур Шопенхауер
Македонски афористи
Јордан Хаџи Константинов-Џинот Јане Атанасов Ефтим Гашев Стиховен Калибар Стојан Киселиновски Атанас Крлевски Ѓорѓи Крстевски (писател) Бошко Перински Панде Петровски (сликар) Ленче Стоименова Васил Толевски Костадин Устапетров
Наводи
Категорија:Изрази Категорија:Грцизми Категорија:Афоризми Категорија:Раскажувачки техники