Арзач () — историско село во рамнките на Општина Симитли, Благоевград област, Пиринска Македонија.
Историјат Селото е основано околу XVIII век, во тоа време било под рамките на Отоманското Царство. Во 1894 година, според истражувањето на етнографот Васил К'нчов, селото имало 34 куќи, сите влашки. Во 1900 година според „Македонија. Етнографија и статистика“ селото припаѓало во Горноџумајската Каза и имало 240 жители, сите Власи. После Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, селото и Пиринска Македонија биле префрлани во рамките на Царството Бугарија.
Околу 1920 година жителите на селото се преселиле во Грамада, поранешно село сега населба во рамките на градот Горна Џумаја. Во тоа време бугарската власт вршела денационализација и асимилација на влашкото малцинство. Особено меѓу Првата и Втората светска војна. Поради суровите услови во 1943 година речиси сите жители, со исклучок на две семејства, се преселиле во Кралството Романија. Во 1950-тите селото е целосно раселено.
Географија и местоположба Селото Арзач се наоѓало на крајните северни падини од Пирин планина, на надморска височина од 1,168 метри. Неговиот атар припаѓа денес на Симитли. Наводи
Категорија:Историски села во Пиринска Македонија Категорија:Села во Пиринска Македонија Категорија:Општина Симитли Категорија:Влашки населби