мини|Катедрала „Св. Стефан“ Свети Стефан — римокатоличка катедрала во Хвар, на истоимениот остров, во Сплитско-далматинската жупанија во Хрватска.
Местоположба Катедралата Свети Стефан се наоѓа на источната страна на градскиот плоштад, на крајот на Пјача, каде што се спојуваат двата дела од градот. Изградена е на местото на христијанска црква од почетокот на 6 век и подоцна на бенедиктинскиот манастир Света Марија.
Архитектура Денешната катедрала претставува остаток од готска црква од 14 век. Нејзиниот амвон од 15 век, камените полиптиси на Свети Лука и Знамењето на Христос, како и доцното готско распетие се зачувани. Свети Стефан е прилично незабележителна трикорабна црква со камбанарија од 17 век и претставува хармонична синтеза на ренесансните, маниристичките и раните барокни стилови коишто се типични за далматинската архитектура од 15 и 16 век.
Галерија
Поврзано Хвар
Наводи
Категорија:Католицизмот во Хрватска Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Далмација