десно|мини| Шише авамори од дестилеријата Кикуноцју на островите Мијако, Окинава десно|мини| Хабушу, верзија на авамори флаширана со хабу вајпери Авамори е алкохолен пијалак кој настанал и е единствен за Окинава, Јапонија. Направен е од азиски ориз, и не е директен производ на варење (како саке) туку на дестилација. Поголемиот дел од аваморите направени денес користат ориз увезен од Тајланд, бидејќи локалното производство во голема мера е недоволно да ја задоволи домашната побарувачка, која значително се зголемила во последниве години.
Авамори обично има 30-43% алкохол, иако „извозните“ брендови (вклучувајќи ги и брендовите испорачани во континентална Јапонија) се повеќе се со 25% алкохол. Некои видови (особено ханазаке ) се со 60% алкохол и се запаливи. Авамори се старее во традиционални глинени садови за да се подобри неговиот вкус и мекост.
Најпопуларниот начин за пиење авамори е со вода и мраз. Кога се служи во ресторан во Окинава, речиси секогаш ќе биде придружена со контејнер со мраз и карафа вода. Авамори може да се пие и директно, со мраз и во коктели. Традиционално, авамори се служел во кара-кара, мал земјен сад со мала џамлија од глина внатре. Џамлијата би испуштала карактеристичен звук „кара-кара“ за луѓето да знаат дека садот е празен. Овие садови сè уште се наоѓаат во Окинава, но глинените џамлии често ги нема.
Друго име за авамори што се користи во Окинава е шима-заке или скратено шима.
Генерално, цената на авамори се зголемува со староста на пијалакот.
Наводи
Надворешни врски
Што е Авамори? RYUKYU1429 Awamori
Категорија:Јапонски пијалаци Категорија:Алкохолни пијалаци