десно|мини| Шишиња мамахуана Мама Хуана (или Мамахуана) е зачинет алкохолен пијалак кој се прави со мешавина од рум, црвено вино и мед, кора од дрво и билки. Вкусот е сличен на порто виното и бојата е длабоко црвена. Потекнува од Доминиканската Република.
Специфичните билки што ја сочинуваат Мамахуана првично биле подготвени како билен чај од домородните Таино; после Колумбо, во рецептот е додаден алкохол.
Етимологија Терминот Мама Хуана го има истото француско потекло како терминот Dame Jeanne, што се однесува на големо шише со краток тесен врат, обично исплетен како крошна. Во земјите од шпанско говорно подрачје, Дам Жан бил трансформиран во „дамахуана“, или Дама Хуана, а подоцна, во Доминиканската Република, во Мама Хуана. Постојат многу различни варијации на рецепти за правење Мамахуана, бидејќи името се однесувало на шишето што првично се користело за подготовка и складирање на мацерацијата, наместо на самиот готов производ.
Историја мини|Родригез (лево) и Татико Хенрикез (десно) држат стаклен бокал со домашна мама Хуана Алкохолните пијалаци мамахуана се сметаат за едни од првите дестилирани жестоки пијалаци во Америка, дури и пред румот, со оглед на тоа што раните шпански истражувачи го мешале европскиот алкохол со билниот чај на Таино; оваа комбинација ја создла првата мамахуана.
За време на диктатурата на Рафаел Трухило, продажбата на мамахуан била забранета, освен со медицинска дозвола.
Мамахуана бил популаризиран како локален хербален лек и афродизијак во 1950-тите од Хесус Родригез. Родригез патувал во Барахона, Азуа, Педерналес и многу други провинции во Доминиканската Република за да ги собере стеблата потребни за создавање на медицинскиот пијалак. Тој, наводно, користел месо од желка, која била активната состојка што го правела афродизијакот. Родригез бил познат под називот „Мама Хуана“ во локалното население.
Друг познат пијач на мамахуана бил Порфирио Рубироса, познатиот доминикански плејбој, поло играч, возач на тркачки автомобил и таен агент. Рубироса бил познат по својата сексуална моќ и како страствен уживател на мамахуана, што е споменато во неговата биографија, Последниот Плејбој. мини|Доминикански плејбој, Порфирио Рубироса.
Подготовка Мамахуана е мешавина од кора и билки потопени во рум (најчесто темен рум, но употребата на бел рум не е невообичаена), црвено вино и мед. Цврстите состојки (локални лисја, кори, стапчиња и корени) варираат од регион до регион.
Наводи
Категорија:Доминиканска кујна Категорија:Алкохолни пијалаци