Индиски орев () потекнува од Јужна Америка, поточно од крајбрежните области на североисточен Бразил. Индискиот орев бил донесен во Индија од страна на Португалците, и денес Индија е најголем производител. Семките од индиски ореви имаат облик на бубрег со големина до 3 см и растат на овошје познато како кешу јаболко или индиско јаболко. Секое овошје има едно семе закачено на долната страна. Плодот кешу јаболкото е во облик на круша и долг е 7 до 15 цм. Плодовите можат да бидат покриени со жолта или црвеникава лушпа (во зависност од сортата) под која има овошна пулпа од која се прави сок, богат со витамин Ц. Плодовите на кешу јаболката имаат пет пати повеќе витамин Ц од портокалите. Богат е со витамин Ц и К, фолна киселина, магнезиум, калциум, цинк, селен, фосфор, бакар, антиоксиданси и мононезаситени масти.

Употреба во исхрана Индиските ореви може да се јадат сирови, печени или пржени со путер и сол. Имаат сладок вкус и мирис, може да се користат како ужина во исхраната или како додаток и зачин на разни јадења (пилешко со индиски ореви, путер од јаткасти плодови, салати, кашички, колачи, сладолед и сл.).

Здравствени придобивки

Добар е за срце. Благодарение на големите количини на незаситени масни киселини и олеинска киселина, индиските ореви се добри за срцето и за целиот васкуларен систем. Мононезаситените масти го намалуваат нивото на триглицериди, кои се една од главните причини за срцеви заболувања. Го намалува ризикот од дијабетес. Мононезаситените масти во индиските ореви влијаат на дијабетичарите така што го намалуваат нивото на триглицериди и со тоа го намалуваат ризикот од шеќер и холестерол. Го намалува холестеролот. Индискиот орев содржи 0% холестерол. Иако содржи многу масти, важно е да се знае дека тоа се главно мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот (LDL) холестерол и го зголемуваат добриот (HDL) холестерол. Дејствуваат во превенција на камења во жолчката. Истражувањата покажале дека една рака индиски ореви на ден е доволна за да се спречи формирање на жолчни камења. Помага при слабеење. Индиските ореви се препорачуваат како ужина во различни диети, овие јаткасти плодови содржат многу диетални влакна и обезбедуваат чувство на ситост и задоволство, што е многу важно за мотивацијата на луѓето кои се обидуваат да ослабат. Важно е да ги јадете умерено бидејќи содржат многу калории. Она што е важно е да содржат добри масти и минимални количини шеќер. Исто така, пржените солени индиски ореви може да доведат до висок крвен притисок. Го одржува здравјето на забите. Индиските ореви ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат кариес и болести на непцата, па затоа е идеален за нега на забите, но и за одржување на целокупното здравје на устата. Делува како афродизијак. Индиските ореви го подобруваат протокот на крв во телото и на тој начин им помагаат на мажите кои имаат проблеми со ерекцијата. Овој орев го отстранува стресот и нервозата, ги опушта нервите и ја зголемува сексуалната желба. Од античките времиња се користи за зголемување на потенцијата. Спречува анемија. Индиските ореви се одличен извор на железо, кое е од витално значење за пренесување на кислород низ телото и помагање на ензимите и на имунолошкиот систем да работат. Недостатокот на железо може да доведе до атрофија на телото, анемија, како и зголемена подложност на инфекции и разни болести. Поддржува полесно варење. Како добар извор на диетални влакна, помага храната полесно да се вари. Сепак, прекумерното консумирање на оваа храна може да предизвика надуеност и проблеми со гасовите, па затоа треба да се внимава да не се претера со оваа прилично вкусна храна. Го подобрува видот. Конзумирањето индиски ореви е корисно за здравјето на очите, бидејќи содржи мали количини на зеа-ксантин, важен антиоксиданс, кој селективно се апсорбира од мрежницата на окото. Ова им дава заштита на нашите очи со филтрирање на УВ зраците и ги спречува дегенеративните промени во окото поврзани со возраста. Се спротивставува на клетките на ракот. Индискиот орев содржи еден вид флавоноид наречен проантоцијанидин, соединение кое е богато со бакар. Една порција индиски ореви обезбедува 37,5 отсто од препорачаниот дневен внес на бакар, кој помага во борбата против канцерогените клетки. Едноставно ги „изгладнува“ клетките на туморот, бидејќи не им ја дава потребната храна за нивниот развој.

Токсичност Некои луѓе се алергични на индиските ореви, но тие се поретко алерген од јаткастите плодови или кикиритките. За до 6% од децата и 3% од возрасните, консумирањето индиски ореви може да предизвика алергиски реакции, кои се движат од благи непријатности до опасна по живот анафилакса.

Наводи

Надворешни врски

Индиски орев Здравствени придобивки од индиските ореви

Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Овошни дрва