мини|344x344px| Урнатини на населбата позната како „Камена палата“Национален парк Меса Верде е еден од 58-те национални паркови на Соединетите Американски Држави, лоциран во југозападниот дел на американската држава Колорадо, во округот Монтезуми, во близина на градот Кортез. На неговите 210,9 km², во близина на областа на паркот на место познато како „Четирите агли“ има бројни прекрасни урнатини од куќи и села изградени од Пуебло Индијанци меѓу 6 и 12 век. Затоа Националниот парк Меса Верде бил впишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Америка уште во 1978 година. Историја лево|мини| Внатрешноста на кива лево|мини| Фотографија на Густаф Норденскилд од 1891 година Населбите во Меса Верде се дело на предците на денешните Пуебло Индијанци, кои Навахо Индијанците ги нарекувале Анасази, што значи „стари народи“ или „стари непријатели“. Пуебло Индијанците најголемиот дел од 12 и 13-ти век живееле во населби во карпи во областите на денешно Ново Мексико, Аризона и југозападно Колорадо. Тие ги избрале овие места поради заштита од полусувата клима со неправилни врнежи и големи температурни разлики помеѓу ноќта и денот. Првите населби од 6 век биле вкопани села на самата висорамнина, а во нив биле пронајдени ткаенини направени од влакната на растението јука, што била основна суровина за предметите на целата култура Анасази од 6 до 14 век. Од 750 до 1100 година почнале да создаваат населби во карпите на клисурите и подземните земунки (т.н. киви). Културата го достигнала својот врв во 12 и 13 век, а потоа ненадејно исчезнала. Причината за нивното ненадејно исчезнување сè уште е непозната, а претпоставките се движат од пропаѓање на културите поради суша, до инвазија на други индијански племиња од север.лево|мини| Населба позната како „Куќа на смрека“
Иако првите шпански истражувачи пристигнале на овие простори уште во 18 век, очигледно вистинското откритие на населби издлабени во карпи дошло дури во втората половина на 19 век. Веста за откривањето на овие населби и нивната популарност брзо почнала да се шири благодарение на сточарите од ранчот на Ричард Ветерил и ископувањата на археологот Густаф Норденскилд. Поради вандализам и оштетување на овој богат историски локалитет, претседателот Теодор Рузвелт, со цел да ја заштити областа, на 28 јуни 1906 година го потпиша актот за основање на националниот парк.
Шпански истражувачи Првите Европејци кои стигнале до Меса Верде биле шпански истражувачи кои барале премин од градот Санта Фе до Калифорнија во 1760-тите и 1770-тите години. Поради големите рамнини покриени со зеленило, областа го добила името Меса Верде, што на шпански значело Зелена маса. За време на нивните патувања, тие никогаш не биле доволно блиску, ниту можеле да ги видат древните села и населби врежани во карпите, кои ќе бидат откриени дури во следниот век.
Први фотографии Оваа област повремено ја посетувале траперите и трагачите на злато. Еден од нив, Џон Мос во 1873 година прв го објавил тоа што го видел во оваа област. Следната година, познатиот фотограф Вилијам Хенри Џексон пристигнал во подножјето на Меса Верде со Џон Мос, преку кањонот Манкос, и ги направил првите фотографии од типични камени живеалишта и ги објавил.
Густаф Норденскилд Веројатно најважниот посетител на областа во 1891 година бил Густаф Норденскилд, син на финско - шведскиот поларен истражувач Адолф Ерик Норденскилд. Минеролог по професија, Густаф собрал збирка артефакти, ги обележал локалитетите, ги фотографирал, ги скицирал сите локации и ги сумирал своите набљудувања со постоечката археолошка литература.
Откако локалната заедница дознала дека Густаф Норденскилд имал намера да ги испрати артефактите во музеј во северна Европа, го уапсиле под обвинение за уништување на урнатините. Имало дури и барање за линч, но благодарение на интервенцијата на неколку владини функционери, тој бил ослободен.
По враќањето во Шведска, Норденскилд во 1893 г. ја објавил првата научна студија за урнатините на Меса Верде под името Жителите на карпестата Меса Верде, благодарение на што сознанието за оваа област допрело до пошироката меѓународна јавност. Денес, колекцијата на артефакти на Норденскилд во Националниот музеј на Финска е најголема надвор од Соединетите Американски Држави.
Карактеристики мини| „Долгата куќа“ на Меса Верде мини| Куќа во четвртестата кула Надморската височина на националниот парк и целото плато на Меса Верде се движи од околу 1.900 м. до 2.600 м. Во поголемиот дел од паркот доминираат сртови и долини кои се протегаат во правец север - југ. Крајната точка на паркот е 21.2 км од крајната јужна точка, додека крајната западна е 19,2 км оддалечена од крајната источна.
Куќи во плитки пештери Градежните конструкции на Меса Верде се доказ за акумулираните знаења и вештини кои се пренесувале низ генерациите на цивилизацијата Анасази со векови. Тие го достигнале врвот во 12 век и 13-ти век, кога на карпите биле изградени најпознатите градби сочувани до денеска. Тие граделе со обработен песочник, потврд камен обликуван со големина на векна леб. Меѓу тулите како малтер ставале глина раскисната со вода.Meridijani - časopis za zemljopis, istoriju, ekologiju i putovanja, br. 186 (maj 2015), str. 43, Тие го користеле овој материјал за изградба на простории со големина до 6 квадратни метри. Складирале житарици и други култури на таваните, додека кивите (свечени соби) биле градени пред собите, но закопани во земја, нешто како денешните подруми. Кива била извонредно дизајнирана тркалезна просторија со простор за оган во зимските месеци и со довод на ладен воздух за климатизација во лето. Во ѕидарските конструкции биле поставени и локално исечени дрвја, што им помогнало на денешните археолози прецизно да го датираат потеклото на поединечни градби со методот на дендрохронологија. Тие дрвја придонесуваат и за теоријата за можниот конечен распад на општеството во тоа време. Откако шумите беа целосно уништени во текот на неколку векови, а нивното обновување поради сувата клима траело до 200 години, не поминало многу време пред конечниот колапс на цивилизацијата. 90% од изградените населби под карпи имаат до десет соби. Третина од вкупниот број изградени куќи има една или две камени простории, но една од нив е дефинитивно кива. Само четирите најпознати населби имаат малку поголем број соби, имено „Клиф Палас“ има 150 соби и просторија за земјоделски култури, „Долга куќа“ има ист број соби, „Куќа на смрека“ со 130 соби и „Балконска куќа“ со 45 соби и 2 кива.
Најпознатите згради на националниот парк Меса Верде се:
„Камена палата“ е најпознатата и најголемата резиденција во која има 150 соби, 23 соби наменети за верски ритуали и бројни премини и тунели. Многу соби имаа шарени ѕидни слики. „Долга куќа“ е втората по големина зграда во која живееле околу 150 семејства во простории кои можеле да се прошируваат со уривање на еден од ѕидовите. Се наоѓа на место во близина на поток до кој доаѓале вклесани кривулести скали. „Куќа бокал“ е уште една руина во областа која ја ископал археологот Артур Рон во 1960-тите години. Зградата има 94 соби на четири нивоа, вклучувајќи и голема просторија за верски церемонии. „Куќа на смреки“ е лесно достапна и добро сочувано престојувалиште во чиј состав влегува просторија за верски обреди. Ископувањата покажале дека ова престојувалиште, како и многу други во Меса Верде, веројатно биле населени помалку од сто години. „Куќата на квадратната кула“ е именувана по нејзината висока кула, која е највисоката зграда во Меса Верде. Била населена помеѓу 1200-тата и 1300-тата година. „Балконска куќа“ нема надворешни делови освен балконот, 45 соби и 2 киви, до кои се стигнува со скалила високи 11 метри и се лази низ тунел долг 6 метри. Според некои записи, ова живеалиште го открил копачот С.Е. Озборн во 1884 година, а во 1910 год. го ископал Џеси Нусбаум.
Наводи
Литература
Категорија:Колорадо Меса Верде Категорија:МСЗП-Категорија II