мини|340x340пкс|Хромолитограф од 1899 год. кој прикажува коњаница на САД како прогонуваат американски Индијанци Американско-индијанските војни, познати и како Војни на американската граница и Индијански војни, биле мноштво на конфликти првично водени од европските колонијални империи, Соединетите Американски Држави, и накратко од Конфедеративните Држави на Америка и Република Тексас против разните американски индијански племиња во Северна Америка. Овие конфликти се одвивале од времето на најраните колонијални населби во 17 век до крајот на 19 век. Различните војни произлегле од широк спектар на фактори, а најчест бил желбата на европските доселеници и влади за заземање на земјите на индијанските народи. Европските сили и нивните колонии регрутирале сојузнички индијански племиња за да им помогнат во водењето војни против други индијански племиња. По Американската револуција, многу конфликти биле локални за одредени држави или региони и често вклучувале спорови околу користењето на земјиштето; некои вклучувале циклуси на насилни одмазди.

Како што американските доселеници се ширеле кон запад низ Соединетите Држави по 1780 година, вооружените конфликти се зголемувале по времетраење и интензитет. Кулминацијата дошла во Војната од 1812 година, кога големи индијански коалиции во Среднозападните Соединети Држави и Јужните Соединети Држави се бореле против САД и изгубиле. Конфликтот со доселениците станал поредок и обично се решавал со договори меѓу федералната влада и одредени племиња, кои честопати барале од племињата да продадат или да предадат земја на Соединетите Држави. Овие договори честопати биле прекршувани од федералната влада на САД.

Законот за иселување на Индијанците од 1830 година, кој бил усвоен од Конгресот на Соединетите Држави, ниту овластил еднострано укинување на договорите со кои се гарантираат правата на земјиштето на домородните Американци во рамките на државите, ниту пак присилно иселување на источните Индијанци. Сепак, и двата настани се случиле и тоа во огромен обем; источните индијанските племиња биле принудени да се преселат источно од реката Мисисипи на запад на американската граница, особено во т.н. Индијанска територија, односно Оклахома. Како што доселениците се ширеле на Големите рамнини и Западните Соединети Држави, номадските и полуномадските индијански племиња од тие региони биле принудени да се преселат во индијански резервати.

Индијанските племиња и коалиции честопати победувале во битките со доселениците и војниците кои навлегувале во нивните територии, но нивниот број бил премал, а нивните ресурси премногу ограничени за да извојуваат повеќе од привремени победи и отстапки од САД и другите земји кои колонизирале области кои ги сочинуваат денешните граници на Соединетите Американски Држави.

Колонијален период (1609-1774) мини|Џејмстаун масакрот од 1622 год. мини|Опсада на Форт Детроит од 1763 год. Колонизацијата на Северна Америка од страна на Англичаните, Шпанците, Французите, Холанѓаните и Русите била пречекана со отпор од некои индијански племиња, а поддржувана од други. Војните и другите вооружени конфликти во 17-тиот и 18-тиот век ги вклучуваат:

Дабровите војни (1609–1701) помеѓу Ирокезите и Французите, кои се здружиле со Алгонкинците Англо-Похатанските војни (1610–14, 1622–32, 1644–46), вклучувајќи го и Џејмстаун масакрот од 1622 година, помеѓу англиските колонисти и Похатан конфедерацијата во колонијата Вирџинија Пекотска војна (1636–1638) помеѓу племето Пекот и колонистите од Масачусетс Беј колонијата и колонијата Конектикат како и нивните сојузнички племиња Кифтова војна (1643–1645) на холандската територија Нова Холандија (Њу Џерси и Њујорк) помеѓу колонистите и народот Ленапе Војна на праските (1655), голем напад од страна на Мунси на неколку населби во Нова Холандија Есопуски војни (1659–1663), конфликти помеѓу племето Есопус на Ленапе Индијанците и колонијалните жители на Нова Холандија во округот Алстер, Њујорк Војна на кралот Филип (Бунтот на Метаком) (1675–1678) во Нова Англија помеѓу колонистите и локалните племиња, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Нипмук, Вампаноаг и Нарагансет Чованочка војна (1675–1677) во провинцијата Каролина Војна на кралот Вилијам (1688–1697) помеѓу Англија и Франција и нивните индијански сојузници, во Нова Франција, Нова Англија и провинцијата Њујорк Тускарорска војна (1711–1715) во провинцијата Северна Каролина Јамаси војна (1715–1717) во провинцијата Јужна Каролина Дамерова војна (1722–1725) во северна Нова Англија и француска Акадија (Њу Бранзвик и Нова Шкотска) Понтијакова војна (1763–1766) во регионот на Големите езера Војна на Лорд Данмор (1774) во западна Вирџинија (Кентаки и Западна Вирџинија)

Во некои случаи, конфликтите биле одраз на европските ривалства, при што индијанските племиња генерално застанувале на страна на нивните трговски партнери. Различни племиња се бореле на секоја страна во Војната на кралот Вилијам, Војната на кралицата Ана, Дамеровата војна, Војната на кралот Џорџ и Француската и индијанската војна, здружувајќи се со британските или француските колонисти според сопствените интереси. На 14 август 1784 година, руски колонисти масакрирале 200–3.000 припадници на племето Конијаг Алутик на островот Ситкалидак, Аљаска. Овој масакр е познат како Ава'ук масакрот. И покрај инцидентите што се случувале помеѓу европските колонисти и домородното население, повеќето индијански племиња биле пријателски настроени кон Швеѓаните во Нова Шведска како резултат на почитувањето на племенската земја од страна на шведските власти.

Источно од реката Мисисипи (1775-1842) По Револуцијата (1783–1812) британските трговци и владини агенти почнале да ги снабдуваат со оружје Индијанците на територија на тогашен САД, со надеж дека, доколку избие војна, тие ќе се борат на британска страна. Британците понатаму планирале да основаат индијанска нација во областа Охајо-Висконсин за да го спречат понатамошното американско проширување. САД протестирале и објавиле војна во 1812 година. Повеќето индијански племиња ги поддржувале Британците, особено оние во сојуз со Тикамси, но тие на крајот биле поразени од генералот Вилијам Хенри Харисон. Војната од 1812 година се проширила и на индијански ривалства.

Многу бегалци од поразените племиња преминале преку граница во Канада; оние на југ влегле во Флорида (тогаш под шпанска управа) бидејќи под Вицекралството на Нова Шпанија биле слободни, а не робови. Во текот на раниот 19 век, федералната влада била под притисок од доселениците во многу региони да ги протера Индијанците од нивните територии. Законот за иселување на Индијанците од 1830 година (анг. Indian Removal Act of 1830) значел „овластување на претседателот да додели земји западно од Мисисипи во замена за индијански земји во рамките на постојните државни граници“. Некои племиња жестоко се спротивставувале на присилното иселување, особено Семинолите во серија на војни во Флорида (Семинолски војни). Иако никогаш не биле поразени, некои Семиноли мигрирале во доделената индијанска територија западно од Мисисипи. Другите племиња биле принудени да се населат на резервати западно од реката Мисисипи, најпознати се Чероките чие присилното иселување било наречено „Патека на солзите“.

Американска револуционерна војна (1775-1783) мини|Грабнувањето на Џемима Бун од страна на припадници на племето Шони во 1776 год. Американската револуционерна војна во суштина била две паралелни војни: на исток борба против британската власт, додека на запад била „Индијанска војна“. Новопрогласените Соединети Држави се натпреварувале со Британците за контрола на територијата источно од реката Мисисипи. Некои Индијанци застанале на страната на Британците, бидејќи се надевале дека ќе го намалат американското ширење. Според мислењето на еден писател, Револуционерната војна била „најобемната и најдеструктивната“ индијанска војна во историјата на Соединетите Држави.

Некои индијански племиња биле поделени околу тоа на која страна да застанат во војната, како што бил случајот со Конфедерацијата на Ирокезите со седиште во Њујорк и Пенсилванија, која се поделила: Онеида и Тускарора застанале на страната на американските патриоти, додека Мохак, Сенека, Кајуга и Онондага застанале на страната на Британците. Ирокезите се обиделе да избегнат директна борба едни против други, но Револуцијата на крајот принудила меѓу-ирокешка борба, и двете страни изгубиле територии по војната. Круната им помогнала на Ирокезите без земја, наградувајќи ги со резерват на реката Гранд во Онтарио и некои други земји. На југоисток, народот Чероки се поделил на про-патриотска фракција наспроти про-британска фракција, која Американците ја нарекувале Чикамауга Чероки; тие биле предводени од Драгинг Кану. Многу други племиња биле слично поделени.

Кога Британците склучиле мир со Американците во Парискиот договор од 1783 година, тие отстапиле огромна индијанска територија на Соединетите Држави. Индијанските племиња кои биле на страната на Британците и се бореле против Американците завршиле како поразен народ кој ја загубил својата земја.

Чероки-американски војни Конфликтите на границата биле речиси постојани, почнувајќи со учеството на Чероки во Американската револуционерна војна и продолжувајќи до крајот на 1794 година. Таканаречените „Чикамауга Чероки“, подоцна наречени „Долни Чероки“, биле од Оверхил таунс, а подоцна од Лоуер Таунс, Вели Таунс и Мидел Таунс. Тие го следеле воениот водач Драгинг Кану на југозапад, прво до областа на потокот Чикамауга во близина на Чатануга, Тенеси, потоа до Петте долни градови каде што им се придружиле групи на Мускоги, бели Ториевци, робови бегалци и отпадници Чикасо, како и повеќе од сто Шони. Главни цели на нападите биле колониите на округот Вашингтон долж реките Ватауга, Холстон и Ноличуки, и во долината Картер во горниот источен Тенеси, како и населбите долж реката Камберленд, почнувајќи со тврдината Нешборо во 1780 година, дури и во Кентаки, плус против населбите на Френклин, а подоцна и државите Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Џорџија. Обемот на нападите од страна на Чикамауга и нивните сојузници се движел од брзи рации од мали воени групи до големи кампањи од четиристотини или петстотини воини, а еднаш и повеќе од илјада. Горните Мускоги под блискиот сојузник на Драгинг Кану, Александар Мекгиливреј, често се придружувале на нивните кампањи, а исто така дејствувале одделно, а населбите на Камберленд биле нападнати од Чикасо, Шони од север и Делавер. Кампањите на Драгинг Кану и неговиот наследник Џон Ватс често се спроведувале во врска со кампањите на Северозападната територија. Колонистите генерално одговарале со напади во кои населбите на Чероки биле целосно уништени, иако обично без големи загуби на животи на ниту една страна. Војните продолжиле до Договорот од Телико Блокхаус во ноември 1794 година.

Северозападна индијанска војна мини|Охајо Кантри со борби и масакри помеѓу 1775 и 1794 мини|Битката на Паднатите Дрва мини|Воена спогодба помеѓу Американците и племето Крик во 1814 год.