Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Радиовце; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во тетовското село Радиовце, кое е во состав на истоименото училиште од селото Стенче, Општина Брвеница.
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во селото Радиовце, во средишниот дел, веднаш до поранешната фабрика „ШИК Јелак“.
Историја
Во минатото, основното училиште било во склоп на централното училиште во селото Жеровјане.
Објектот на училиштето бил изграден во 1995 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во 5 паралелки.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Брвеница Категорија:Радиовце Радиовце