Луна 24 била роботска сонда од советската програма Луна. Како 24-та мисија од серијата вселенски летала Луна, мисијата на сондата Луна 24 била трета советска мисија за враќање примероци од површината на Месечината (првите две мисии за враќање примероци биле Луна 16 и Луна 20). Сондата слетала во Mare Crisium (Море на кризите). Мисијата вратила 170,1 гр. месечеви примероци на Земјата на 22 август 1976 година.

Вселенско летало лево|мини| Модел на лендер ''Луна 24'' Луна 24 била споена на телото на вселенското летало Ye-8-5, кое се состоело од два прицврстени модули, горниот за искачување бил поставен на врвот на модулот за спуштање. Лендерот бил висок 3,96 метри и имал маса без гориво од 1880 кг. Со целосно оптоварување со гориво, неговата маса на лансирање била помеѓу 5600 и 5750 kг.

Модулот за спуштање бил ист како долниот дел на Ye-8 за Луноход роверите, цилиндрично тело со четири испакнати ногарки за слетување, резервоари за гориво, радарски висиномер за слетување и двоен комплекс на мотори за спуштање. Главниот ракетен мотор за спуштање, КТДУ-417, бил мотор со променлив потисок од 1920 кг, кој се користел за корекции на средната траекторија, вметнување во орбита, сопирање при спуштање на површината и за забавување на леталото додека не достигне точка на исклучување, која била одредена од вградениот компјутер врз основа на висината и брзината. По исклучувањето, група млазници со помал потисок (210 и 350 кг) се користеле за конечното слетување. Модулот за спуштање исто така служел како лансирна рампа за модулот за искачување. Модулот за спуштање на вселенското летало бил опремен со телевизиска камера, монитори за радијација и температура, телекомуникациска опрема и продолжена рака од 90 цм со опрема за дупчење и собирање примерок од месечева почва. Комуникацијата се одвивала преку конусна антена на крајот од јарболот на 768 и 922 MHz (низводна врска) и 115 MHz (нагорна врска).

Модулот за искачување бил помал цилиндар со сферичен врв кој го заменил роверот Луноход и куќиштето од платформата Ye-8. Носел цилиндричен херметички затворен контејнер за примероци од почва во сферична капсула за повторно полетување, монтиран на ракета КРД-61 со потисок од 1920 кг. Вкупната маса на модулот за полетување бил 520 кг, од кои 245 кг биле азотна киселина и УДМХ погонско гориво. Бил висок 2 метри. Кабината за враќање на примерокот имала дијаметар од 50 цм и маса од 39 кг. КДР-61 можел да се активира само еднаш, за 53 секунди, за да го постави на траекторија за слободно враќање на Земјата. Специфичниот импулс на моторот бил 313 секунди, можел да му даде брзина од 2600–2700 м/с на леталото за враќање.

Мисија Месечевамисија Вратени примероци година Луна 16 101 g 1970 година Луна 20 30 g 1972 година Луна 24 170,1 g 1976 година Луна 24 бил трет обид за враќање примерок од неистраженото Mare Crisium, локација на голем месечев маскон (по Луна 23 и неуспешното лансирање во октомври 1975 година). По корекција на траекторијата на 11 август 1976 година, Луна 24 влегла во месечева орбита три дена подоцна. Почетните орбитални параметри биле 115 на 115 км со инклинација од 120°. По дополнителни промени на нејзината орбита, Луна 24 безбедно се спуштила на месечевата површина во 06:36 УТЦ на 18 август 1976 година на 12°45' северна географска ширина и 62°12' источна географска должина, недалеку од местото каде што слетала Луна 23. Точната локација на слетување (12,7145° С, 62,2097° И) била утврдена од орбиталните камери на сондата Lunar Reconnaissance Orbiter во 2012 година. Кратерот на слетување последователно бил именуван Лев од страна на IAU.

Под команда од контролата на Земјата, лендерот со роботската рака за земање примероци со дупчалката навлегол околу два метри во блиската почва. Примерокот бил безбедно складиран во малата капсула за враќање, и по речиси еден ден поминат на Месечината, Луна 24 успешно полетала во 05:25 UTC на 19 август 1976 година. По непречено враќање, капсулата на Луна 24 влегла во Земјината атмосфера и безбедно слетала со падобран во 05:55 UTC на 22 август 1976 година, околу 200 км југоисточно од Сургут во западен Сибир. Студијата на вратените 170,1 г. почва покажале ламинирана структура, како да е наталожена во последователни наслаги. Советскиот Сојуз размени грам од примерокот од мисијата за месечев примерок од NASA во декември 1976 година. Луна 24 било последното месечевно вселенско летало лансирано од Советскиот Сојуз. Исто така, било и последното вселенско летало кое меко слетало на Месечината сѐ до слетувањето на кинескиот Чанге-3 на 14 декември 2013 година, 37 години подоцна. Повеќе од 40 години, тоа била и последната мисија за враќање месечеви примероци сѐ до кинеската Чанге-5 во декември 2020 година.

Откривање на вода во вратените примероци Во февруари 1978 година, советските научници М. Ахманова, Б. Дементјев и М. Марков од Институтот за геохемија и аналитичка хемија „Вернадски“ објавиле труд во кој тврделе дека доста дефинитивно била откриена вода. Нивната студија покажала дека примероците вратени на Земјата од сондата содржат околу 0,1% вода по маса, како што е видено во инфрацрвена апсорпциона спектроскопија (на бранова должина од околу 3 μm), на ниво на детекција околу 10 пати над прагот, иако Кротс истакнува дека „Авторите ...не беа подготвени да ги стават своите репутации на апсолутна изјава дека копнената контаминација е целосно избегната.“ Ова би го претставувало првото откривање на содржина на вода на површината на Месечината, иако тој резултат не е потврден од други истражувачи.

Поврзано

Временска рамка на вештачки сателити и вселенски сонди Список на вештачки објекти на Месечината (стадиум на спуштање) Список на мисии на Месечината

Наводи

Надворешни врски

Zarya – Luna 24 chronology NASA NSSDC Master Catalog

Mare Crisium: Failure then Success, article showing LROC images of Luna 23 and Luna 24 on the lunar surface Catalog of Soviet Luna Probe images

Категорија:Вселенски летала пуштени во 1976 година Категорија:Меки слетувања на Месечината Категорија:Мисии до Месечината Категорија:Мисии за повраток на примероци Категорија:CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори Категорија:Статии со извори на руски (ru) Категорија:Координати кои не се на Википодатоците