Големите Рамнини () претставуваат континуирана низинска област во централните делови на Северна Америка составена од бројни прерии, степи и други форми на тревни површини. Тие ја покриваат областа помеѓу реката Мисисипи на исток и Карпестите Планини на запад, со вкупна површина од околу 1,3 милиони квадратни километри. На југ, тие се протегаат до левиот брег на реката Рио Гранде.

На територијата на Канада, Големите Рамнини се протегаат по сите три прериски провинции, Саскачеван, Алберта и Манитоба, додека на територијата на САД се протегаат низ сојузните држави Северна и Јужна Дакота, Колорадо, Канзас, Монтана, Небраска, Оклахома, Тексас, Вајоминг и Ново Мексико.

Со надморска височина до максимум 1.000 метри, областа е позната и како најголема континуирана земјоделска површина во светот.

Клима Поголемиот дел од Големите Рамнини има полупустинска клима, со екстремни температури и ретки, но непредвидливи врнежи. Во поголем дел од овој регион, полусушната клима не обезбедува доволно влага за раст на дрвјата, па затоа преовладуваат тревни површини - прерии. Меѓутоа, во канадските држави Алберта и северозападните територии, летата се пократки и значително посвежи, па и покрај недоволните врнежи, испарувањето е побавно, така што овозможува раст на дрвјата, главно четинари.

Геологија алт=Мапа Велике равнице|лево|250x250пкс| Карта на големите рамнини Поголемиот дел од Големите Рамнини некогаш бил покриен со огромно море, а депонираните остатоци формираат карпест слој што лежи под површината на земјата. Големите рамнини биле најголемата област на пасишта во светот, каде паселе огромни стада бизони, проценети на над 50 милиони. Поголемиот дел од пасиштата се карактеризираат со богата, плодна почва што земјоделците ја експлоатирале максимално од 19 век до сега. Годините на прекумерно одгледување и недоволно ѓубрење довеле до создавање на големи неплодни површини - кога плодната почва почнала да еродира.

Економија Современото обработување и наводнување го вратиле земјоделството во оваа област (се одгледуваат ’рж, јачмен, луцерка и пченица) заедно со одгледување на огромни стада добиток. На оваа област се произведува повеќе од 75% од светскиот извоз на пченица. Исто така, тука има и големи наоѓалишта на јаглен, нафта, природен гас, сулфур и калиум карбонат.

Население Во оваа област живеат околу 15 милиони луѓе, од кои околу 5 милиони живеат во канадскиот дел, а околу 10 милиони во американскиот дел на Големите Рамнини.

Најголемите градови се:

Во Канада: Калгари (население 990.000) Едмонтон (967.000) Винипег (685.000) Во САД: Денвер (2.000.000) Сан Антонио (1.500.000) Оклахома (1.000.000)

Употреба Поимот „Голема Низина“ се користи во Соединетите Држави за да се опише подподелба на уште поголемата физиографска поделба на внатрешните рамнини, која покрива голем дел од внатрешноста на Северна Америка.

Во Канада, овој поим ретко се користи, а владиниот оддел одговорен за официјално мапирање, ги третира внатрешните рамнини како единствен ентитет кој се состои од неколку поврзани висорамнини и рамнини. Не постои регион наречен „Голема Низина“ во Канада.Atlas.nrcan.gc.ca Во однос на човечката географија, поимот прерија почесто се користи во Канада, а регионот е познат како канадски прерии, прериски провинции или едноставно „прерии“.

Северноамериканскиот еколошки атлас, изработен од Комисијата за еколошка соработка, агенција на НАФТА составена од географски агенции на мексиканската, американската и канадската влада, го користи поимот „Голема Низина“ како екорегион кој е синоним за доминантни прерии и пасишта, наместо физиографски регион дефиниран со топографија. Екорегионот на Големите Рамнини вклучува пет подрегиони: умерени прерии, западно-централни полусуви прерии, јужно-централни полусуви прерии, крајбрежни рамнини Тексас - Луизијана и полусуви рамнини Тамаулипас - Тексас, кои се преклопуваат или се прошируваат со други карактеристики на Големите рамнини.

Големина лево|мини|250x250пкс| Големите рамнини во близина на земјоделска заедница во централен Канзас Регионот опфаќа растојание од 800 км од исток кон запад и 3200 км од север кон југ. Поголемиот дел од овој регион бил дом на огромни стада на американскиот бизон се додека не биле скоро потполно истребени во тек на средина и крајот на 19 век. Има површина од 1 300 000 км2. Бореалните рамнини на западна Канада се физиографски исти, но се раликуваат по изгледот на тундрите и шумите, а не на тревните појаси.

Поимот „Голема Низина“, за регионот западно од околу 96 меридијан и источно од Карпестите Планини, генерално не се користел пред почетокот на 20 век. Студија од 1916 година на Невин Фенеман „ Физиографската подподелба на Соединетите Американски Држави “ го донела поимот Голема Низина во поширока употреба. Пред тоа, регионот речиси секогаш се нарекувал Високи Рамнини, за разлика од долните прериски рамнини на државите од Средниот Запад. Денес, поимот „Висока Рамнина“ се користи за подрегион на Големата Низина. Поимот сè уште малку се користи во Канада во споредба со почестиот „прерија“.

Ветерна енергија Големите Рамнини значително придонесуваат за искористување на енергијата на ветерот во Соединетите држави. Т. Бун Пикенс развил фарми со ветерници после кариерата како извршен директор во нафтена индустрија и ја повика САД да инвестираат билион долари за изградба на дополнителни 200.000 MW ветерна енергија во рамнините како дел од планот Пикенс. Тој укажал на Свитвотер во Тексас, како пример за економска ревитализација поттикната од развојот на енергијата на ветерот.

Наводи

Надворешни врски

Kansas Heritage Group: Native Prairie, Preserve, Flowers, and Research Library of Congress: Great Plains University of Nebraska-Lincoln: Center for Great Plains Studies

Oklahoma Digital Maps: Digital Collections of Oklahoma and Indian Territory

Категорија:Географија на САД Категорија:Географија на Канада