Снежница или Карљанка (понекогаш членувана и како Снежницата; , Хинотрипа Фалакру) — пропастна пештера во планината Боздаг, Драмско, Егејска Македонија.
Пештерата има посебна научна вредност поради своите геолошки особености и зачувани природни примероци за климата од различни доби.
Потекло и значење на името Името Снежница е наведено во изворите уште од почетокот на XX век. На грчки јазик, пештерата е позната како Хионотрипа (Χιονότρυπα), во превод „снежна дупка“. Варијантата Карљанка потекнува од турската придавка karlı („снежно“), и топонимска наставка.
Опис Пештерата е сместена на надморска височина од 2.050 м, под врвот Свети Илија (2.232 м), во чие западно подножје се наоѓа, и сртот Карталка (2.035 м), во непосредна близина на изворите на реката Сушица. Според грчки извори, северозападната страна на Карталка, на која се наоѓа планинарски дом, е наречен Хинотрипа, по грчкото име на пештерата. Пештерата има должина од 111 м и вкупен дијаметар од 20 м, додека просечната температура изнесува само 1 °C. Таа претставува ледничка јама со повеќегодишен снег. Во 1904 г. офицерот Петар Дрвингов напишал:
Снежница претставува понор со урнат покрив. Таа е составена на три дела. Првиот дел има вкупна истражена должина од 60 м, во кој снегот се задржува низ целата година. Вториот дел е достапен при спуштање во јама длабока 20 м и претставува сала со впечатливи пештерни образби (сталактити и сталагмити). По уште едно спуштање од 15 м се пристапува во третиот и последниот дел од пештерата.
Поврзано
Свети Илија Боздаг
Наводи
Категорија:Пештери во Егејска Македонија Категорија:Боздаг