„Допир на Зен“ (мандарински: 俠女) — тајвански филм од 1971 година, во режија на Кинг Ху, кој е автор и на сценариото, заедно со Сонглинг Пу. Главните улоги ги толкуваат: Чун Шин, Фенг Хсу, Били Чан и Пинг-Ју Чанг. Во 1975 година, на Канскиот филмски фестивал, режисерот Ху бил награден со Техничката главна награда, а бил номиниран и за „Златната палма“.Dodir Zena, tajvanski film (пристапено на 4.1.2025)
Синопсис Ку Шен Чаи е скромен и неамбициозен уметник кој живее во едно село, заедно со мајка си. Неговиот живот се менува по средбата со таинствената Јанг Хуи-чинг, ќерката на генерал во царската војска, која по погубувањето на татко ѝ, се крие од своите непријатели. Нејзе ѝ помага генералот Шин кој се преправа како сиромашен слеп старец. Во потрага по Јанг, во селото доаѓа генералот Оу-Јанг Нин, а Ку решава да ѝ помогне на девојката во која се вљубува...
Наводи
Категорија:Тајвански филмови Категорија:Акциони филмови Категорија:Боречки филмови Категорија:Филмови на кинески јазик Категорија:Филмови од 1971 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Кина Категорија:Филмови на Кинг Ху Категорија:Филмови со Чун Шин Категорија:Филмови со Фенг Хсу Категорија:Филмови со Били Чан Категорија:Филмови со Пинг-Ју Чанг Категорија:Историски филмови