Енциклопедиски речник — лексикографско дело кое ги обединува јазичните и предметните речници (лексикон или енциклопедија). Понекогаш името енциклопедиски речник се користи како истозначник за лексикон. Во енциклопедискиот речник, јазичниот речник и енциклопедискиот дел доаѓаат по ист азбучен ред (Webster’s New International Dictionary, Dizionario enciclopedico Zanichelli, Hrvatski enciklopedijski rječnik и др.) или творат два посебни дела од едно издание (Le Petit Larousse). Обединува два пристапа на јазикот: лингвистички и енциклопедиски пристап. Систематизацијата на записот се стреми кон енциклопедиски облик, додека во изборот и описот на материјалот преовладува лингвистичката компонента.
Поврзано Енциклопедија Лексикон Речник
Категорија:Лексикографија