мини|260x260пкс| Распонот на стариот мост Трифт мини| Новиот мост Трифт. Мостот Трифт е висечки мост само за пешаци во швајцарските Алпи. Мостот е едноставен дизајн на висечки мост кој е долг 170 метри, на височина од 100 метри.

Мостот Трифт се протега над езерото Трифтзе, во близина на Гадмен, Швајцарија, област која прима приближно 20.000 посетители годишно за да го видат ледникот Трифт. Претходен мост бил изграден во 2004 година, бидејќи ледникот повеќе не бил доволно висок за да ги носи посетителите до колибата Трифт на Швајцарскиот алпски клуб. Заменски мост бил отворен на 12 јуни 2009 година. Тој е еден од најдолгите и највисоките пешачки мостови во Алпите. Стариот мост денес се наоѓа во кантонот Ури под името Салбитбрике

За да се стигне до мостот потребно е да се земе жичарница со гондоли во Мајринген. Потоа интензивно се пешачи 1,5 часа нагорнина која води до мостот.

Наводи

Надворешни врски

Official Site Up to the Trift Bridge Категорија:Пешачки мостови во Швајцарија Категорија:Мостови Категорија:Висечки мостови