мини| Членови на трупата Берјоска во народна облека на етнички Руси.|299x299пкс Танцовиот ансамбл „Берјоска или Березка“ (на руски: Берёзка, „мала бреза“) е трупа од женски танчерки основана од руската кореографка и танчерка Надежда Надеждина во 1948 година во Советскиот Сојуз, која облечена во долги народни фустани е специјализирана за изведување движење низ сцената кои личат лебдење или лизгање. Иако овој танц често се смета за форма на фолклорно танцување, нејзиниот основач еднаш изјавил: „Ората на Берјоска не се народни ора. Тие се ора чиј извор е креативниот труд на луѓето“.
Лебдечкиот чекор е тежок за изведба. Според Надеждина, „ниту сите наши танчери не можат да го направат тоа. Треба да се движите со многу мали чекори на многу ниски полу-прсти со телото задржано во одредена соодветна положба.“ ANNA KISSELGOFF (20 September 1972). "Beryozka Dancers to Glide In Tonight". New York Times. Танчерската трупа започнала со турнеја во западните земји во 1950-тите. Настапот на 22 септември 1951 година во салата на Музичката академија во Стокхолм во Шведска, на пример, привлекла преголема толпа за да може да се смести.
Наводи
Категорија:Танци Категорија:Танци во Русија Категорија:Руски танцувачки групи