Почнувајќи од 7 јануари 2025 г., низа разорни шумски пожари ја зафатиле градската област на Лос Анџелес и нејзините околни подрачја. Поттикнати од исклучително ниската влажност, исушените услови и ураганските ветрови Санта Ана што достигнуваат и до 160 км/ч, пожарите предизвикале широко распространето уништување. Од 12 јануари, шумските пожари зеле 16 животи, принудиле речиси 180.000 жители да се евакуираат и уништиле или оштетиле над 12.401 објект. Поголемиот дел од уништувањето им се припишува на двата најголеми пожари: пожарот Палисејдс и пожарот Итон.

Реакции Советничката на Лос Анџелес, Трејси Парк, ги опишала шумските пожари како „погубна загуба за целиот Лос Анџелес“. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, ги повикал жителите да се придржуваат до наредбите за евакуација и ја истакнал својата посветеност на избегнување политички судири, изјавувајќи пред администрацијата на Трамп: „Јас не сум тука да играм каква било политика“. Тој, исто така, го контактирал тогашниот претседателот Џо Бајден за федерална пожарна помош, велејќи: „Без политика, без ракување, без бакнување на нозете“.

Над 179.000 жители се дадени под наредба за евакуација. Гувернерот Њусом потоа го откажал своето патување до Вашингтон, каде што требало да присуствува на комеморацијата на Џими Картер. Слично на тоа, претседателот Бајден го откажал своето планирано патување до Италија за да се сосредоточи на управувањето со кризата со шумските пожари во Лос Анџелес, нудејќи федерална помош за борба против пожарот Палисејдс.

Потпретседателката Камала Харис, исто така, ја повикала јавноста да ги следи упатствата од месните власти. Поради вонредната состојба, таа го откажала своето дипломатско патување до Сингапур, Бахреин и Германија за да им даде приоритет на напорите за одговор на шумските пожари.

Наводи

Надворешни врски

CAL FIRE — список на активни шумски пожари

Категорија:2025 година во Калифорнија __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__